CHL NOM EDP 18 EDP 50ml
CHL NOM EDP 18 EDP 50ml + pack
CHL NOM EDP 17 Digital KV
Chloe-Nomade-edp4
Chloe-Nomade-edp5

Chloé Nomade парфем за жени

4,030.00 ден7,130.00 ден

За производот:

Chloé го лансира Nomade, новиот парфем и новиот столб во својата колекција парфеми. За разлика од класичниот парфем Chloé од 2008-ма година, кој беше креиран да ја претстави природноста, новиот Nomade е тука како би ја евоцирал смелата, авантуристичката страна на Chloé жената. Создавањето за истиот е инспирирано од слободата, изненадувањата, желбата за отворен простор. Парфумеристот од парфумерската куќа Givaudan, Quentin Bisch, го креирал Nomade како флоралнa-chypre композиција, вклучувајќи и ноти на Mirabelle слива, фрезија и мов од дабово дрво. Целта е да се создаде помалку флорална, а повеќе смела композиција за разлика од Chloé Signature. Обликот на шишенцето е инспириран од една од класичните чанти на модната куќа – моделот Drew. Заштитното лице на кампањата, која е снимена од страна на Fleur Fortuné, е актерката Ariane Labed.

За брендот:

Chloé е француска модна куќа, основана од дизајнерката Gaby Aghion во 1952 година. Родена во Египет, Aghion се сели во Париз во 1945 година, каде ја основа Chloé неколку години подоцна. За разлика од формалната облека правена по мерка, која се нудела од модните дизајнери во 50-тите години, Chloé одбира да создава мека облека, погодна за носење, создадена од луксузни ткаенини. Aghion останува со компанијата, се додека истата не е продадена во 1985 година. Серија престижни дизајнери поминале низ компанијата во текот на годините, вклучувајќи ги и Karl Lagerfeld и Stellа McCartney. Првиот мирис на Chloé, истоимениот Chloé, лансиран во 1975 година, е оригинален мирис, кој буди чувство на класика. Компанијата го задржува современиот стил со лансирањето на новата верзија на Chloé во 2008 година, дизајнирана да ги привлече младите жени со модерен вкус. Портфолиото на Chloé се состои од 28 мириси. Најстарото издание е од 1975 година, додека најновото од 2017.


Исчисти
Во кошничка
Спореди
Бесплатна достава на сите нарачки!
SKU: 620 Категории , ,
Сподели

Информации

Бренд

За жени

милилитража

, ,

Прегледи

There are no reviews yet.

Be the first to review “Chloé Nomade парфем за жени”