Филтер

Прикажувам 2377–2400 од 2505 резултати

, ,

Kérastase Genesis Masque Reconstituant зацврстувачка маска за слаба коса склона кон опаѓање 200мл

За производот:Маска за интензивна заштита од опаѓање наменета за слаба коса. Нејзината богата формула го негува, потхранува и хидрира влакното со што се намалува ризикот од опаѓање и кинење на косата. Збогатена со комбинација од еделвејс природни клетки и корен од ѓумбир, оваа неверојатна маска е надополнување за косата во борбата за закрепнување на оштетените зони на влакното. Оваа моќна комбинација на честички кои ја подобруваат состојбата на косата ја прават лесна за чешлање, мека и негувана. Косата е цврста, мека и сјајна.Како се користи:Нанеси врз мокра коса просушена со пешкир. Масирај по должината кон краевите и остави да делува 5 минути. Исплакни убаво.

3.350,00 ден
Додај во кошница
, ,

Kérastase Genesis Fondant Renforçateur зацврстувачки балсам за слаба коса склона кон опаѓање 200мл

За производот:Балсам против опаѓање на слаба коса склона кон опаѓање и кинење на влакното. Оваа кремаста формула нуди заштита од кинење и мек финиш. Му помага на влакното да ја обнови и хидрира неговата природна цврстина со што се намалува ризикот од опаѓањето и кинењето на косата. Формулата е збогатена со едејвејс природни клетки и корен од ѓумбир кои инстантно го измазнуваат, зацврстуваат и омекнуваат влакното снабдувајќи го со длабока потхрана. Косата е обликувана, сјајна и поцврста.Како се користи:Нанеси од балсамот во големина на лешник, врз коса просушена со пешкир. Масирај по должината кон краевите на косата избегнувајќи го коренот. Остави да делува 2 до 3 минути. Исплакни убаво.

2.600,00 ден
Додај во кошница
, ,

Kérastase Genesis Bain Hydra-Fortifiant зацврстувачки шампон за нормална до масна слаба коса склона кон опаѓање 250мл

За производот:Шампон против опаѓање за слаба коса склона кон опаѓање и кинење на влакното. Нежно го прочистува и хидрира влакното со што се намалува ризикот од опаѓање и кинење. Оваа ултра нежна формула е идеална за нормална до масна коса и скалп со што од нив се отстрануваат вишокот на себум и нечистотиите. Неговата нежно-прочистувачка активност го измазнува и хидрира влакното од корен до врв, правејќи го здраво и цврсто. Збогатена формула со едејвејс природни клетки и корен од ѓумбир, која го зацврстува влакното и му дава интензивна еластичност со што се намалува ризикот од опаѓање и кинење. Косата е подготвена за понатамошен третман, негувана и зацврстена со подобрен волумен.Како се користи:Нанеси врз мокра коса на 5те клучни зони. Убаво масирај фокусирајќи се на скалпот како би се овозможило прочистување од нечистотиите. Исплакни убаво. Второто нанесување ќе создаде повеќе пена и со масирање фокусирај се повеќе на должината и врвовите од косата. Повторно се одмива.

1.950,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Kérastase Genesis Bain Nutri-Fortifiant зацврстувачки шампон за нормална до сува слаба коса склона кон опаѓање 250мл

За производот:Шампон против опаѓање за сува и слаба коса, склона кон опаѓање и кинење на влакното. Нежно го прочистува и освежува влакното со што се намалува ризикот од опаѓање и кинење. Оваа формула формира богата пена која ги отстранува нечистотиите овозможувајќи интензивна нега на здравата коса. Нејзината нежно-прочистувачка активност го измазнува и хидрира влакното од корен до врв, правејќи го цврсто и здраво. Збогатен со комбинација од еделвејс природни клетки и корен од ѓумбир, шампонот го зацврстува влакното и созадава инстантна еластичност со што се намалува ризикот од опаѓање. Косата е подготвена за понатамошен третман, негувана и зацврстена со подобрен волумен.Како се користи:Нанеси врз мокра коса на 5те клучни зони. Убаво масирај фокусирајќи се на скалпот како би се овозможило прочистување од нечистотиите. Исплакни убаво. Второто нанесување ќе создаде повеќе пена и со масирање фокусирај се повеќе на должината и врвовите од косата. Повторно се одмива.

1.950,00 ден
Додај во кошница
,

Lancôme Rose Sugar Scrub нежен хидратантен пилинг за лице, за сите типови кожа 100мл

Смела шминка, недостиг од сон, пребукирана агенда, стрес, брз начин на живот… Твојата кожа е уморна и без сјај.  За инстантно помазна кожа, пробај го нашиот пилинг.
Содржи зрнца шеќер кои ги отстрануваат мртвите клетки од кожата и ја прават мазна и изедначена. Збогатен е со мед од багрем и вода од роза, кои ѝ даваат чувство на удобност и еластичност.

Начин на користење:

1. Отстрани ја шминката и нечистотијата со Eau Micellaire Confort.
2. Нанеси мала количина од пилингот на исчистена влажна кожа.
3. Масирај нежно со кружни движења 1 минута: овој лесно загревачки пилинг е збогатен со кристали од природен шеќер кои инстантно се топат на кожата.
4. Исплакни темелно со млака вода.

Главни придобивки:

Чисти и детоксифицира.

Каков тип проблем таргетира:

Кожата инстантно се чувствува мазно, удобно и пополнето.

3.020,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Absolue Crème Riche ревитализирачка и осветлувачка дневна крема за лице 60мл

Богата крема за лице со уникатна трансформирачка текстура, која видливо ги намалува брчките и фините линии, истовремено подмладувајќи ја кожата со цврстина, сјај и 24 часовна хидратација. Направена со ексклузивна мешавина од екстракти од рози (Lancome Rose™, Centifolia Rose и Rose Damascena), оваа крема видливо ја ревитализира кожата со влажност и цврстина. Нејзината уникатна текстура нуди сензоријално патување како што се трансформира: од густа хидратантна крема до лесен лосион како серум, до густ слој кој ја пополнува кожата со влажност. Брчките и фините линии се видливо намалени, а кожата е помазна, посветла, посјајна, поизедначена и со подмладен изглед. Обновата на површинските клетки на кожата е подобрена, а бариерата на кожата заштитена.

Начин на користење:

Нанеси рамномерен слој на чиста и сува кожа. Пред нанесувањето, кремата има густа текстура. Како што се нанесува, текстурата на кремата се трансформира во текстура налик серум која лесно се апсорбира во кожата. Како се впива во кожата, текстурата се згуснува и кожата добива поизедначен и хидриран изглед со блескав завршеток.

Главни придобивки:

Против стареење, осветлува, обновува.

Каков тип проблем таргетира:

– Ефективно потхранува и ја ревитализира кожата
– Ја прави кожата поцврста и позатегната, ги намалува брчките и ситните линии
– Го изедначува тонот на кожата и обезбедува здрав и сјаен изглед
– Ја штити кожата од сушење и непријатно затегнато чувство
– Ја одржува кожата мека, еластична и хидрирана
– Лесно се апсорбира и остава чувство на удобност

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

20.080,00 ден
Додај во кошница

Lancôme Rénergie H.C.F. Triple Serum серум со троен ефект за сите типови кожа

Lancôme го претставува Rénergie H.C.F. Triple серумот. Нова ера на високоефективен производ за нега на кожа, кој значително придонесува за поголем волумен на кожата, намалување на брчките и темните флеки. Револуционерна формула во која се соединети три активни состојки кои се познати по своите комплементарни симултани ефекти врз знаците на стареење на кожата,  а кои досега се сметаа за некомпатибилни: хијалуронска киселина, витамин Ц + ниацинамид и ферулинска киселина. Секој моќен посебно, сега соединети во високоефективен серум за спречување на појавата на знаците на стареење кои делуваат слој по слој:СЛОЈ 1: ГУБИТОК НА ВОЛУМЕН СЛОЈ 2: БРЧКИ СЛОЈ 3: ТЕМНИ ФЛЕКИШТО ГО ПРАВИ РАЗЛИЧЕНМногу ефективен, но грижлив.Rénergie H.C.F. Triple серумот толку е ефективен, истовремено обезбедувајќи врвна нега, така што 9 од 10 жени* во САД, Франција и Кина, изјавиле дека би го замениле серумот кој го користат во својата рутина за Rénergie H.C.F. Triple серумот.* 417 жени од Азија, Европа и САД по 4 недели користење, имаат намера да го сменат нивниот актуелен серум против стареење со Rénergie H.C.F. Triple серумот.ШТО УШТЕ ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ЕФЕКТИВНОСТА ПРОТИВ ТЕМНИТЕ ФЛЕКИ И ИЗЕДНАЧУВАЊЕ НА ТЕНОТ НА КОЖАТА***:ПО 2 НЕДЕЛИ: тенот на кожата е изедначенПО 4 НЕДЕЛИ: интензитетот на темните флеки е намаленПО 8 НЕДЕЛИ: големината и бројот на темните флеки се видливо намалениЕФЕКТИВНОСТ НА ПРЕДЕЛОТ НА ВРАТОТ:ПО 2 НЕДЕЛИ:  83% ПОМАЗНА КОЖА; 86% ПОМЕКА КОЖА***Клиничко испитување спроведено на 45 жени.Начин на користење:1.При првото нанесување, притисни неколку пати додека не се истиснат трите формули од серумот.2. Наутро и навечер, истисни две дози на дланката и помешај ги трите формули за да се соединат.3. Нанеси на лицето и вратот со масирачки движења кон горе, од средината на лицето кон надвор. По апликација на серумот, нанеси ја својата омилена хидратантна крема. За оптимални резултати користи го заедно со Advanced Génifique линијата и во комбинација со крема со заштитен фактор.Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Price range: 4.890,00 ден through 10.270,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lancôme Rénergie Multi-Lift ноќна крема против стареење со лифтинг ефект 50мл

Lancôme е во процес на промена на пакувањето на овој производ. Без разлика дали пакувањето е ново или старо, формулата на кремата е идентична во двете верзии.
Оваа интензивна ноќна крема за лице и деколте со лифтинг ефект, отсега во ново стаклено пакување. Составот комбинира хијалуронска киселина, екстракт од лен и 6 различни липиди кои делуваат во текот на ноќта, кога процесот на регенерација на кожата е најактивен. Од ноќ во ноќ, откриј видливи резултати на својата кожа во поглед на зацврстување и намалување на видливоста на брчките.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

9.970,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Hydra Zen Nuit Anti-stress ноќна хидратантна анти-стрес крема за лице за сите типови кожа 50мл

Ноќната анти-стрес крема Hydra Zen ја напојува кожата со влажност секоја вечер. Ноќната крема ја хидрира и смирува кожата, обезбедувајќи ѝ свежина.

Начин на користење:

Нанеси на темелно исчистено лице и масирај со кружни движења. Користи ја редовно секоја вечер.

Рок на употреба (од отворање): 6 месеци

5.800,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Hydra Zen Anti-Stress хидратантна анти-стрес крема за лице за сува кожа 50мл

Hydra Zen Anti-Stress кремата ја смирува кожата со нејзината густа навлажнувачка текстура, штитејќи ја од надворешни влијанија како што се ветер и климатизација, кои можат да влијаат на кожата и да предизвикаат дехидрираност. Меката текстура лесно се апсорбира. Ја хидрира и смирува кожата, правејќи ја мека, мазна и видливо сјајна.

Начин на користење:

Нанеси ја кремата наутро, на претходно темелно исчистена кожа.

Главни придобивки:

Хидрира, осветлува, анти-стрес.

Каков тип проблем таргетира:

Кожата е навлажнета.
Кожата се чувствува помека и смирена.
Кожата е помазна.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

5.160,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Génifique активирачка дневна крема за лице за сите типови кожа 50мл

Започни го патувањето кон кожа која изгледа помладо, со Génifique кремата на Lancôme, богата секојдневна крема за лице која промовира видливо помлад изглед на кожата. Таргетирај ги знаците на стареење со оваа кадифесто мека текстура, која обезбедува долготрајна влажност, овозможувајќи ѝ на кожата чувство на мекост. Покрај хидратацијата, го враќа и природниот сјај на кожата, а обезбедува и помазен и изедначен тен.

Користиј ја заедно со бр.1 серумот на Lancôme – Advanced Génifique Serum, за да ја комплетираш твојата рутина за нега на кожа против стареење.

Начин на користење:

Секојдневно нанесувај ја кремата по нанесување на серум-активаторот за лице – Génifique Youth Activating Concentrate, за кожа која изгледа помладо и се чувствува помазно.

За видливо подмладена контура на очите, користи ја во комбинација со Génifique Yeux Light-Pearl™

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Original price was: 7.310,00 ден.Current price is: 5.480,00 ден.
Додај во кошница
,

Lancôme Bocage рол-он деодорант без алкохол 50мл

Овој рол-он е практичен и лесен за употреба. Остава прекрасно чувство на свежина и ефективна заштита која трае. Формула без алкохол, наменета за мажи и жени.

Начин на користење:

Нанесувај од производот под пазувите секое утро за дневно чувство на заштита.

1.980,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Crème-Mousse Confort кремасто-пенест чистач за лице со екстракт од шипка и вода од роза за сува кожа 125мл

Crème Mousse-Confort има богата кремаста текстура и иновативна формула збогатена со масло од шипка и смирувачка вода од роза, која ја негува и чисти кожата од нечистотии. Кожата е мека на допир, без чувство на затегнатост. Наменет за сува кожа. Дерматолошки и офталмолошки тестиран производ. Погоден и за чувствителна кожа.

Начин на употреба:

Пената за чистење Crème-Mousse Confort ќе ги отстрани сите нечистотии со користење наутро и/или навечер. Нанеси мала количина од производот на дланката, направи богата пена и нанеси на влажно лице. Масирај со кружни движења, со што ќе поттикнеш длабинско чистење и микроциркулација. На крајот, исплакни со вода.

Главни придобивки:

Чисти и детоксифицира.

Каков тип проблем таргетира:

Удобно искуство на чистење на кожата, без чувство на сушење.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

3.020,00 ден
Додај во кошница

Lancôme Eau Micellaire Douceur мицеларна вода со екстракт од роза за чистење на лице, очи и усни, за сите типови кожа 400мл

Eau Micellaire Douceur нежно ја ослободува кожата од нечистотии. Мицеларната технологија овозможува темелно отстранување на шминката, притоа обезбедувајќи експлозија од свежина. Нејзината нежна формула може да се користи и за темелно отстранување на шминката од очите и усните.
Погодна е за сите типови кожа, дури и за чувствителна.

Начин на користење:

На памучен туфер, нанеси од мицеларната вода и помини со него низ целото лице за отстранување на нечистотиите.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

4.530,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Bi-Facil двофазен отстранувач на водоотпорна шминка од очи 125мл

Bi-Facil нежно и ефикасно ја отстранува шминката од очите. Со формула која е погодна дури и за чувствителни очи и оние кои носат контактни леќи, Bi-Facil нежно ја отстранува шминката, вклучувајќи ја и водоотпорната шминка.Протреси го шишенцето и откриј освежување без шминка.Начин на користење:Пред употреба, добро протреси го производот за да ја активираш формулата и помешаш двете фази, како би можела да уживаш во ритуалот на отстранување на шминката.Нанеси го Bi-Facil на памучен туфер.Задржи го туферот неколку секунди на очните капаци, како би ја навлажнила и омекнала шминката, а потоа со нежно движење надолу отстрани ја шминката. Повтори ја постапката се додека не ја отстраниш целосно шминката.Главни придобивки:Чисти и детоксифицира.Каков тип проблем таргетира:Чисти секаков тип шминка од очите, дури и водоотпорнамаскара, истовремено негувајќи ја кожата. Ги остава очите со чувство на свежина, без масни остатоци.Рок на употреба (од отворање): 6 месеци

Price range: 1.630,00 ден through 3.020,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
,

Lancôme Tonique Douceur омекнувачки и хидрирачки тонер за лице, за сите типови кожа

Комплетирај го твојот ритуал на чистење на кожата со освежувачкиот тонер за лице без алкохол – Lancôme Tonique Douceur.

Овој тонер за сите типови на кожа, е збогатен со билни екстракти, и нежно ја тонира и рафинира текстурата на кожата, отстранувајќи ги сите преостанати нечистотии.

Ја подготвува кожата за твојата дневна рутина за убавина.

Начин на користење:

Стави мала количина од тонерот на памучен туфер и помини со него низ целото лице за помек и порафиниран изглед на кожата. Употребувај го наутро и навечер.

Главни придобивки:

Ја тонира кожата.

Каков тип проблем таргетира:

Ја чисти кожата, истовремено омекнувајќи ја и хидрирајќи ја.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

Price range: 2.380,00 ден through 4.530,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Lancôme Lait Galatée Confort млеко за отстранување шминка со мед и масло од сладок бадем за сува кожа 200мл

Овозможи и задоволство на кожата со нежното млеко за чистење на лице за сува кожа, Galatée Confort.

Посебно формулирано за сува кожа, ова млеко ги отстранува нечистотиите и ја смирува кожата. Збогатено е со мед, екстракт од бадем, квасец, житарки и млечни протеини.

Со својата богата кремаста текстура, Galatée Confort ја хидрира кожата, ја прави свиленкасто мека и мазна на допир.

Начин на користење:

Користи го наутро и навечер. Нанеси го со нежни движења од средишниот дел на лицето кон надвор (чело, образи и брада). Заврши во Т-зоната и на побрадокот.

Главни придобивки:

Чисти и детоксифицира.

Каков тип проблем таргетира:

Ја остава кожата исчистена, свиленкасто-мазна и смирена.

Рок на употреба (од отворање): 12 месеци

3.020,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme Bocage нежна деодорант крема за чувствителна кожа 50мл

Оваа крема-деодорант е практична и лесна за употреба. Остава прекрасно чувство на свежина и ефективна заштита која трае. Формула наменета за мажи и жени.

Начин на користење:

Нанесувај од производот под пазувите секое утро за дневно чувство на заштита.

1.980,00 ден
Додај во кошница
, ,

L`Oreal Professionnel Serie Expert Silver неутрализирачки и осветлувачки шампон за сива и бела коса 300мл

Опис:Шампон кој содржи честички кои го ублажуваат обелувањето и амино-киселини кои ја зацврстуваат косата и ги редуцираат жолтеникавите тонови.Како се користи:Нанеси еднакво врз косата. Масирај и исплакни. Доколку е потребно, повтори го процесот.Систем кој го заштитува сјајот на косата и го ублажува обелувањето. 

1.300,00 ден
Додај во кошница
, ,

Lancôme La vie est belle Intensément L'Eau de parfum intense

Среќата е вибрација која живее во секој од нас. Таа е минлива, но интензивна. Брза, но силна. Таа е тука и сега. За Lancôme, да се биде среќен е пред сè состојба на умот. Инспириран од оваа визија, брендот нуди ново поглавје на својот култен мирис La Vie est belle. Страстен здив.La Vie est belle Intensément вдахнува нова енергија на култниот оригинален парфем. Нов, интензивен гурмански мирис, кој го комбинира препознатливиот цвет на La Vie est belle, ирисот, со сензуални ноти на ванила. За прв пат, култната кристална насмевка открива џус во интензивна фуксија боја. Разиграна и блескава роза евоцира срце кое чука во ритамот на силни емоции. Оваа експлозивна креација го доловува огнот кој гори во оние кои живеат според оваа суштинска мантра: мојата среќа е тука и сега. Во срцевината на овој нов опус, ирисот – препознатливиот цвет на La Vie est Belle, е искомбиниран со сензуални ноти на ванила, со цел да се искомпонира препознатливо дуо. La Vie est Belle Intensément се отвора со еуфорична енергија од бергамот, розов бибер и нота на малина, а потоа се развива во сензуален и кадифест цветен букет. Поттикнат и возвишен од дуото составено од ирис и ванила, кко што поминуваат часовите, тој открива неодолива сила на привлечност. Почувствувајте ја среќата во секој момент.Рок на траење по отварање на производот: 24 месеци 

Price range: 6.520,00 ден through 9.130,00 ден
Избери опцииThis product has multiple variants. The options may be chosen on the product page
, ,

Kérastase Blond Absolu Masque Ultra-Violet виолетова маска за неутрализација на жолти тонови кај руса коса 200мл

Идеален производ за омекнување и потенцирање на апсолутно руса коса на чии тонови им е потребна неутрализација. Богата виолетова маска која пенетрира длабоко во влакното и ги отстранува несаканите жолти поттонови истовремено овозможувајќи длабинска хидратација и обнова на влакното. Моќната комбинација од  Хијалуронска киселина и Еделвајс пудра во прав ја заштитуваат косата од оксиданти и загадувачи. Маската се користи еднаш неделно или секогаш кога и е потребна неутрализација на тоновите на русата коса.Како се користи: Нанеси по шампонирање врз коса просушена со пешкир. Масирај по должината кон врвовите на косата. Остави да делува 5 минути или подолго доколку ти е потребна поголема неутрализација на жолтите тонови (но не подолго од 10 минути). Потоа убаво исплакни.

3.350,00 ден
Додај во кошница
, ,

Kérastase Blond Absolu Cicaflash интензивен зацврстувачки балсам за нега на сите типови руса коса 250мл

Овој млечен гел во нежна боја на лаванда има обновувачко својство на маска со нежен финиш на балсам за коса. Формулата интензивно ја снабдува косата и го негува влакното благодарение на составот кој е комбинација на Хијалуронска киселина и Еделвајс пудра во прав кои инстантно го измазнуваат, зацврстуваат и омекнуваат секое влакно истовремено длабински потхранувајќи го. Производот е идеален за сите тонови на руса коса и овозможува заштита од кинење на влакното и негова ерозија. Косата е мека и хидрирана со блескав сјај.Како се користи: во големина на лешник нанеси врз мокра коса просушена со пешкир. Масирај по должината кон врвовите на косата избегнувајќи го коренот . Остави да делува 2-3 минути и убаво исплакни.

2.650,00 ден
Додај во кошница
, ,

Kérastase Blond Absolu Cicaplasme крема со термо заштита за нега на сите типови руса коса 150мл

Крема во бојата на лаванда која не се одмива и ја истакнува русо бојадисуваната коса односно  ја осветлува и  потенцира посакуваната боја. Шампонот е збогатен со Хијалуронска киселина и Еделвајс пудра во прав, Цицапласма клетки кои ги дефинираат краевите на косата и го измазнуваат влакното за долготрајна форма и заштита од влага. Инстантно ги третира оштетените делови на влакното. Цицапласмата нуди термо заштита до  230°C во моментот на обликување на косата. Формулата истовремено содржи и УВ филтри кои ја штитат косата од дневните оксиданти и загадувачи кои се таложат на влакното. Косата е мека и блескава.Како се користи: 2 до 4 испумпувања во зависност од густината  се нанесуваат врз мокра коса просушена со пешкир. се разнесува кон краевите а потоа се чешла за да се овозможи подеднакво разнесување на формулата. Продолжи кон сушење и обликување.  може да се користи и на сува коса пред сушење како финишен чекор кој штити од влага и го зголемува сјајот.

2.400,00 ден
Додај во кошница
, ,

Kérastase Blond Absolu Bain Ultra-Violet виолетов шампон за неутрализација на жолти тонови кај руса коса 250мл

Моќна виолетова формула која е богата на неутрализирачки честички кои инстантно ги отстрануваат  is бакарните и жолтеникави поттонови. Идеален за комплетно руса и сива коса, а континуираната употреба на шампонот овозможува долготрајна заштита од пожолтување на русата коса овозможувајќи и на бојата да ги задржи ладните руси тонови. Истовремено ја заштитува косата од дневните оксиданти и загадувачи, обновувајќи ги сјајот и мекоста. Шампонот е збогатен со хијалуронска киселина и еделвајс пудра во прав, формулата е со висока концентрација на антиоксиданти кои заштитуваат од оштетување и го штитат влакното.Како се користи: Намокри ја косата и процеди ја пред нанесување на шампонот врз 5те клучни зони. Користејќи ги прстите нежно масирај фокусирајќи се на скалпот. Остави да делува 2 до 5 минути и исплакни. Препорачуваме негова замена еднаш неделно или во второто нанесување на   Bain Lumière како би се постигнала длабинска хидратација.

1.950,00 ден
Додај во кошница