BLACK OPIUM

EAU DE PARFUM NEON

Таа е BLACK OPIUM жена, блескава хероина во урбаната ноќ.

Нејзиниот мирис е охрабрувачки. Предизвикува зависност. Неодоливо повикува на грев.

Сè што таа посакува таа, е да се истакне, да ја почувствува брзината на светлината и да сјае до крајот на ноќта.

ВО ПОТРАГА ПО ЗАВИСНОТ ОД МИРИС

Yves Saint Laurent во 1977 година  прв го претвори парфемот во сластна,  декадентна зависност со помош на мешавина од зачини и смола. Револуција во шишенце: OPIUM.

Во 2014 година, Yves Saint Laurent Beauté со мирисот BLACK OPIUM даде ново значење на зависноста збогатувајќи го белото цвеќе со доза адреналин: прво предозирање со црно кафе во облик на женски мирис. Моќен. Секси. Рокерски шик. Наплив на чиста енергија за инстиктивно моќна жена, која ги руши општествените граници.  

Белешка на креаторот на парфемот: мешавина на совршена доза на кафе: Сакавме да создадеме силна арома на јако црно кафе, која ќе ја почувствувате при вкусување на првата голтка кафе, тргнувајќи од горните, движејќи се до базните ноти., се потсетува Nathalie Lorson.  За да го постигнеме тоа , се послуживме со техниката наречена  ‚вкуси го мирисот’. Ги доловивме сите ароматични молекули од тој филџан свежо кафе, при што ги анализиравме и реконструиравме во ноти кои се базираат на апсолутно кафе, многу богат материјал со карактеристики на ликер и ноти од тутун. Сето ова го усовршивме со цел да создадеме нота на кафе која предизвикува зависнот: BLACK OPIUM.”

Firmenich: Nathalie Lorson, Marie Salamagne, Olivier Cresp и Honorine Blanc

Овој најпровокативен мирис денес е предводник на најновата мода  во својата до сега најблескава инкарнација: BLACK OPIUM EAU DE PARFUM NEON.

МИРИС: РАЗИГРАН СПОЈ НА НОЌ И СВЕТЛИНА

Електрична нота за електрична жена. Се пробива директно низ култната нота на мирисот на црно кафе BLACK OPIUM, како вертикален зрак на светлина во градската ноќ.

Змејското овошје го одбраа мајсторите, креатори на парфемот Nathalie Lorson, Marie Salamagne, Olivier Cresp и Honorine Blanc (Firmenich) – изворните креатори на мирисот BLACK OPIUM – за да во својата најпродавана формула вметнат доза на живописна боја.

Благодарение на кората во фуксија боја, зелените боцки и крцкавата внатрешност, ова интригатно и опасно привлечно азиско овошје претставува инспирација за нова неонска нота. Во самото срце на мирисот BLACK OPIUM EAU DE PARFUM NEON се наоѓа пенлива мандарина и цитрон, живописни карактеристики на зелен киселкаст сок и неонски розови бобинки.

Белешка на креаторот на перфемот: доловување на суштината на змејското овошје:  Невозможно е да се извлече суштината на змејското овошје, па затоа моравме сами да ја создадеме., објаснува Nathalie Lorson.Има благ вкус, но неговата боја и текстура се многу предизвикувачки, и токму тоа е она што нам не инспирирашеНашата визионерска нота на змејско овојшје е свежа и кисело зелена. За да ја илустрираме кората со боја фуксија, додадовме свеж, овошен и сочен ефект.

Firmenich: Nathalie Lorson, Marie Salamagne, Olivier Cresp и Honorine Blanc

Белото цвеќе на изворниот мирис на BLACK OPIUM попримува зраци на психоделични и неонски бои. Поблескави и повпечатливи од било кога, со цветна нота, која го спојува заводливиот апсолут на арапскиот јасмин од Индија со аплсолутот на цвет од портокал и ела.

Препознатливата нота на црно кафе која предизвикува зависнот, мирисот го претвара во чиста црна светлина, која доаѓа како контраст на тие јаки неонски ноти.Обвиен во воодушевувачкиот вел на мошус и богатиот апсолут на ванила, тој сурфа на неонскиот бран до крајот на ноќта.

ИСКАЗ НА КРЕАТОРОТ НА ПАРФЕМОТ

Белешка на креаторот на перфемот за концептот: Сакавме да го запреме времето и да го доловиме тој екстравагантен момент, во кој денот се претвара во ноќ. Градското небо обоено во интензивни бои на фуксија, неодоливо привлечно. Момент на убавина. Нова зависност од мирисот  BLACK OPIUM со дадаток на обоена светлина, која се пробива низ мистериозната ноќ. Блескавиот цвет од портокал и провокативната крцкавост на змејското овошје донесоа нова  разиграна и изразено женствена енергија со препознатливиот гурмански мирис на кафе.”

Firmenich: Nathalie Lorson, Marie Salamagne, Olivier Cresp i Honorine Blanc

ЗА ШИШЕНЦЕТО: УКРАСЕНА ЖИВОПИСНА СВЕТЛОСТ

Поспектакуларно од било кога досега, шишенцето е ускрасено со црни светки, кои на мирисот BLACK OPIUM  му го даваат неговиот препознатлив рокерски шик. Но, сега цевчето за распрснување е неонско, а шишенцето повисоко, издигнувајќи се вертикално, исто како што и нотата на „неонско кафе”  се воздигнува при првото прснување на BLACK OPIUM EAU DE PARFUM NEON. Течноста во неонско розева боја, која ги одржува живописните ноти, е видлива преку округлото прозорче на шишенцето и парчињата бабмус.

КАМПАЊА: ZOË KRAVITZ ВО НЕОНСКАТА НОЌ

Неонот никогаш не бил волку секси, а не била ниту Zoë Kravitz, смелата амбасадорка на BLACK OPIUM со својата темна сенка, во новата капмања на BLACK OPIUM EAU DE PARFUM NEON, чиј фотограф и режисер е Tyrone Lebon.

На печатената реклама Zoë Kravitz стои покрај блескав ѕид на многубројни неонски светла. Секси, провокативна и по малку дрска, таа го држи најмоќното оружје за создавање зависност: своето шишенце на мирисот BLACK OPIUM EAU DE PARFUM NEON.

Дигиталниот филм ја прикажува нашата хероина длабоко во ноќта, во еден азиски мегалополис. Штом го нанесе мирисот BLACK OPIUM EAU DE PARFUM NEON, таа почна да лета високо над својата мирисна доза на неонско кафе. Живописни бои се пробиваат покрај мракот и создаваат едно нестварно просветлување на нејзината огнена убавина. Со своите долги нозе и високи потпетици, таа излегува на улица, поблескава од кога и да било досега. Подготвена е да блеска до крајот на ноќта.

#GetNeon

Коментарите се заклучени.