ИЗРАЗЕТЕ ГО ВАШЕТО ВНАТРЕШНО ‘ЈАС’ СО BOSS BOTTLED INFINITE

Партнер, татко, пријател, колега. Мажот на Денешницата има различни улоги во неговиот живот. Креирани од страна на мастер парфумерката Annick Menardo, мирисите од BOSS BOTTLED линијата му дозволуваат на Мажот на Денешницата да избере мирис кој ги рефлектира неговите потреби во денот, било тоа да е потрага по успех или во моменти на размислување или сфаќање на нештата.

Рефлектирајќи го неговиот став и интегритет, BOSS BOTTLED му дава самодоверба на секој маж да му покаже на светот кој е тој. Сепак, препознавајќи ја важноста на тоа да пронајде задоволство во патувањето, BOSS BOTTLED Tonic е мирисот по кој тој посегнува кога бара моменти за да се опушти и освежи. Поттикнат од тие искуства, тој со свежа перспектива го продолжува својот пат кон успехот.

Симболизирајќи ја потребата на Мажот на Денешницата повторно да се поврзе со своето внатрешно ‘јас‘, BOSS Parfums ни го претставува новиот парфем: BOSS BOTTLED Infinite. Освежувачки, но сепак длабок, мирисот го охрабрува да остане приземен со тоа што ќе направи пауза од своите страсти и ќе создаде спомени кои ќе траат.

Првиот мирис во индустријата креиран со употреба на diamond технологија, мирисот отскокнува од традиционалните правила на парфумеријата, така што ја менува природната непостојаност на молекулите во мирисот, односно истата да се менува како што тие испаруваат. Вистинска иновација за доживување на мирисот, горните ноти и нотите во срцевината подолго се задржуваат на кожата, нивната присутност е долготрајна, притоа задржувајќи го иницијалниот мирис.

BOSS BOTTLED Infinite се отвора со освежувачки ноти на мандарина и јаболко, кои му даваат живот на мирисот и ги будат сетилата. Со додавањето на зачинетиот цимет и жалфија со цел да се постигне баланс, мирисот го облива Мажот на Денешницата со спокојство и ведрина, додека брановите удираат на брегот. Тој достигнува смиреност. Неговиот ум се смирува, и тој ја чувствува промената.

Во срцевината, ароматичните ноти на пачули, рузмарин и лаванда, доминираат со мажествена структура која го привлекува неговото внимание, а истовремено го потсетува на убавините и дарежливоста на природата. Евоцирајќи мириси од природата, мирисот го потсетува да остане поврзан и да одвои време за себе да остане приземен.

 

Дрвенестата основа го заокружува на некој начин мирисот, создавајќи ја неговата хармонија. Раскошот на нотите на маслиново и сандалово дрво, се помешува заедно со горните ноти и срцевината, поткрепувајќи ја неговата свежина. Елегантен и топол, исто како него, мирисот му дава на Мажот на Денешницата самодоверба да балансира и да се движи по својот пат.

 

 

 

Горни ноти: Јаболко, мандарина, цимет

Срцевина: Пачули, рузмарин, лаванда

Основа: Маслиново дрво, сандалово дрво

Слични

Впечатливи очи

Еј девојки! Еве неколку видео трикови како да постигнете „Боја за впечатлив изглед“. Еликсир Ексклузив Парфимерии во соработка со Виктор Мирчевски сo задоволство Ви го претставуваат првото од сет 10 видеа за шминка – „Боја за впечатлив изглед“.  
Повеќе

Daisy Love Marc Jacobs

СИНО НЕБО И ПЛАЖА СО ЗЛАТЕН ПЕСОК ЉУБОВТА ГО ИСПОЛНУВА ВОЗДУХОТ ЗАПОЧНУВА НОВО ПОГЛАВЈЕ НА СЕСТРИНСТВОТО DAISY LOVE MARC JACOBS     КАМПАЊА   Веќе повеќе од една деценија, Daisy Marc Jacobs ги освојува срцата на девојките низ целиот свет со својот младешки дух и спонтан шарм.   Оваа пролет,  Daisy Love Marc Jacobs го […]
Повеќе

Производи во кошничка

Кошничката е празна

Врати се назад
Search for:

Оваа веб страна користи cookies. повеќе информации

Оваа страна е сетирана да дозволува користење на cookies, се со цел да ви овозможи подобар и побрз пристап. Доколку породолжите да ја користите страната без да ги промените сетинзите или кликнете на Прифаќам тоа значи дека се согласувате со условите.

Затвори