FOLLOW YOUR INSTINCT

David Beckham ни ја претставува неговата нова лимитирана линија

 

Кога живееме според нашиот инстинкт, слободни сме да излеземе од рутината и да го прифатиме неочекуваното. Овој авантуристички дух е инспирацијата за новата лимитирана едиција од David Beckham, Follow Your Instinct.

Тринаесет години по лансирањето на Instinct, David Beckham сè уште цврсто верува дека треба да го бараме непознатото, да си веруваме себеси и да скокнеме во нова авантура. Смелиот мажествен мирис, достапен од почетокот на 2019 година, е лансиран токму на почетокот на годината, бидејќи годината е пред нас и полна со нови можности.

„Смислата на Follow Your Instinct е авантура и истражување – навистина сакавме да смислиме име и мирис кој ќе им даде самодоверба на мажите да ја истражат секоја можност” – вели Beckham.

Мирис

Ароматично-дрвенест, мирисот на Follow Your Instinct претставува мешавина од класични и модерни состојки со цел да се создаде интригантно мажествено искуство. Мирисот се отвора со зачинета доза на коријандер, кој е засилен од чистите ноти на алдехиди и истакнат од динамичноста на нота леден лимон. Во срцевината, ароматичниот флорален букет од лаванда и цветови од портокал, е контрастиран со нота на кардамом, креирајќи софистицирана сензуалност. Овој мирис еволвира во дрвенеста основа составена од ноти на ветивер, кедрово дрво и ноти на мошус, додавајќи природна сензација на рафинираната композиција.

Дизајн

Елегантниот дизајн на пакувањето, доаѓа како инспирација од оригиналниот Instinct. Чистите линии на тешкото стаклено шишенце се надополнети со џусот во бледа ќелибарна боја и метално капаче во сребрена боја, кое одлично се вклопува со дизајнот. Елегантниот мажествен изглед е засилен и со етикетата на шишенцето во црна боја и елегантното црно пакување со етикета во мат сребрена боја, на која е испишан ексклузивниот статус на лимитирана едиција. На задната страна на пакувањето, исто така има и цитат од  David Beckham: “Who knows what’s next… that’s what’s exciting”, односно “Никој не знае што е следно… тоа е возбудливото”.

Кампања

Храбрата смисла за авантура на David е доловена во црно-белите рекламни фотографии, каде го гледаме облечен во црна кожена јакна, држејќи кацига од мотор, фотографиран пред широк пејзаж, со пат кој се протега далеку од него, симболизирајќи го патот на животот кој треба да се изоди.

Истражувај… сонувај… откривај… Скокни во авантура со Follow Your Instinct, новата лимитирана едиција од David Beckham.

Слични

Драматичен длабок поглед

Со појака шминка погледот е подлабок и заводлив Еве го најновото видео во кое нашиот соработник за шминка, Виктор Мирчевски користи Lancôme производи што можете да ги најдете во Еликсир Ексклузив Парфимерии. Користете ги советите и подгответе се за излегување вечерва!  
Повеќе

Еликсир водич за убавина Есен 2017 

Повеќе

Производи во кошничка

Кошничката е празна

Врати се назад
Search for:

Оваа веб страна користи cookies. повеќе информации

Оваа страна е сетирана да дозволува користење на cookies, се со цел да ви овозможи подобар и побрз пристап. Доколку породолжите да ја користите страната без да ги промените сетинзите или кликнете на Прифаќам тоа значи дека се согласувате со условите.

Затвори