Giorgio Armani.svg

GIORGIO ARMANI MY WAY INTENSE

 

Претставен во 2020 година, MY WAY е мирис кој ја отелотворува новата визија за женственоста, која е истовремено длабока, но и со слободен дух. Неговата приказна е инспирирана од тоа како богатите животни искуства и средби нѐ обликуваат и одредуваат. Благодарение на посветеноста кон животната средина, како и одржливоста која е вткаена во неговото создавање – мирисот постигнува јаглеродна неутралност. MY WAY е мирис за новите генерации.

Доловувајќи го тој дух на љубопитност и поврзаност, во срцето на приказната за мирисот MY WAY е етосот: „Јас сум тоа што го живеам“, силен и единствен став спрема себе и светот, што покажува одлучност да се следи сопствениот пат. Тој пат се открива преку поврзување со другите.

Со мирисот MY WAY INTENSE, богата раскошна интерпретација на модерниот цветен потпис на мирисот, кој повикува на интензивно живеење на животот, Giorgio Armani во 2021-ва година открива ново поглавје во приказната MY WAY. MY WAY INTENSE делува како талисман, чија интензивност го прави секое искуство уште повпечатливо.

o.d6ArFZ6yNkS
1259972 1259972d 82494
01201900002 3
НОВ ИНТЕНЗИТЕТ, ИСТА ФИЛОЗОФИЈА

MY WAY INTENSE е неодолив нов начин да ја искусите фолозофијата на MY WAY, која е дефинирана со ширење на хоризонтите и обликување на нашето единствено “јас”, кое се темели на искуства, средби и будење на сетилата. MY WAY INTENSE доловува како преку “излегување“ од познатото, нашата перцепција станува поинтензивна. Благодарение на тоа, моментите ги доживуваме уште посилно. Во сржта на духот на мирисот MY WAY INTENSE, откривањето на најискрената верзија на себеси, е преку незаборавни врски со другите.

Мирисот MY WAY INTENSE го сумира интензитетот на искуствата кои настануваат кога стануваме свесни за светот кој нѐ опкружува. Секојдневието се преобразува во несекојдневно, а секој момент го доживуваме подлабоко.

Заштитното лице на MY WAY е Adria Arjona, која повторно можеме да ја видиме и за MY WAY INTENSE. Како личност со слободен дух и отворен карактер, таа на автентичен начин ја отелотворува фолозофијата на двата мириси, како и животната приказна која карактеризира прифаќање на нови искуства и учења од луѓето низ целиот свет.

WAY ARM KV 01 1636
НОВ ЦВЕТЕН ИНТЕНЗИТЕТ  

Мирисот MY WAY INTENSE испишува ново сензуално поглавје во MY WAY универзумот. Со својата појачана цветна срцевина и интензивната дрвенеста нота, парфемот MY WAY INTENSE нуди моќна интерпретација со примамливиот потпис на MY WAY.

Суштината на мирисот MY WAY INTENSE е неговата нова интензивна срцевина од апсолут од тубероза од Индија, која се одликува со цветни, богати и раскошни својства. Токму таа нота ги подобрува и појачува модерните природни и соларни тонови на оригиналниот апсолут од тубероза, кој  се содржи во парфемот MY WAY. Благодарение на лесниот бел букет од индиска тубероза и јасмин кои се во самата срцевина на MY WAY, нагласените цветни ноти на мирисот MY WAY INTENSE ја тераат таа воодушевувачка срцевина да чука уште побрзо.

Мирисот MY WAY INTENSE кој е креиран од мастер парфимерот Carlos Benaïm (IFF), токму како и оригиналниот парфем MY WAY, го доловува спојот на култури, а во средина ги става некои од најквалитетните природни состојки од целиот свет, благодарение на кои сетилата одат на едно прекрасно мирисно патување. Во дел од моментот, ги доловува средбите кои ги доживуваме со нов интензитет.

01201900003 4

Почетните ноти на мирисот MY WAY INTENSE носат силна блескавост благодарение на срцевината која е составена од ноти на бергамот од Калабрија-Италија и цветови од портокал од Египет. Нотите на цветот од портокал се добиени со помош на модернизирана верзија на постапката на екстракција позната под името enfleurage, која е користена исклучиво од Giorgio Armani. Оваа обновена постапка вклучува постојано додавање на цвет од египетски портокал во есенција од горчлив портокал, со цел да се постигне ладна екстракција на мирисот. Така се добиваат најинтензивните и трајните тонови на цветот од портокал, додека со модерниот процес enfleurage се задржуваат најсложените и најнестабилните молекули на цветот. Ексклузивното обликување на нотите на цвет од портокал, создава нова интерпретација на неговиот мирис, која спојува богатост и сложеност на цветот, со силата и енергијата на плодот. Се задржува сјајот на цветот, што на горните ноти им дава природна и младешка блескавост. Повик на отвореност за нови средби и искуства.

 

Во срцевината се наоѓаат два апсолута на тубероза, изработени од рачно набрани цветови во индискиот регион Mysore. Срцевината од тубероза која е карактеристична за куќата Giorgio Armani, се добива со помош на иновативна метода на молекуларна дестилација, со која се добива нота на тубероза која содржи кремасти и кадифести тонови. Ова ексклузивно обликување создава мирисно искуство слично на нурнување во поле со цветови од тубероза, во прекрасни ноти со модерна и цветна трага. Туберозата се комбинира со екстракт од шпански јасмин, кој исто така потекнува од Индија и е изработен за куќата Giorgio Armani, што овозможува парфимерите прецизно да ги одберат и ги доловат најженствените аспекти на оваа нота, заедно со арапски јасмин. Тие ноти во мирисот создаваат чувство на благородност и женственост.

ezgif.com gif maker
ezgif.com gif maker 1
ezgif.com gif maker 2

Основните ноти на мирисот MY WAY INTENSE откриваат сензуална трага. Евокативното и кремасто сандалово дрво потекнува од островот Нова Каледонија во јужен Пацифик, а е изработено за куќата Giorgio Armani со цел откривање, а потоа и разубавување на најбогатите тонови на таа нота. Тоа се спојува со кремастиот екстракт на кремаста бурбон ванила од Мадагаскар, која е изработена за куќата Giorgio Armani и добиена на одржлив начин во склоп на заедничката програма со невладината организација Fanamby, која куќата ја поддржува поради заштита на околината и пружањето поддршка на локалната заедница. Топлата основа на мирисот MY WAY INTENSE создава мирис кој делува како талисман, смирувачка доза од сите патувања и потсетник на искуствата стекнати на нив.

Уште еден природен елемент во составот на мирисот MY WAY INTENSE е растителен алкохол во формулацијата на мирисот, кој се добива со дестилација од француска репка, одгледана во еколошки прифатливи услови.

 

ТАЛИСМАН ВО СИНА БОЈА

Шишенцето на мирисот MY WAY INTENSE кој го одразува препознатливиот изглед на шишенцето на парфемот MY WAY, е елегантно и кога станува збор за дизајнот и својот статус на одржливост. Во стакленото шишенце на MY WAY INTENSE се наоѓа нов, интензивен розев џус, чија боја е во контраст со длабоката темно сина боја на дното на стаклото и на капачето.

Капачето е направено во облик на камен со органски изглед и длабока сина боја, која делува како волшебен предмет. Суптилно укажувајќи на светот што го отелотворува, ова капаче налик на скапоцен камен, е моќен талисман кој ја пренесува интензивноста на трансформациските искуства кои се инспирација за мирисот MY WAY INTENSE. Како уште едно признание за интензитетот на овој мирис, е дозата сина нијанса на стакленото шишенце, кое ја поттикнува идејата дека моќта на искуствата содржани во темно синото капаче, се влева во шишето.

giorgio armani my way intense edp 30 ml 1630583503

Препознатливата сина боја на капачето е нагласена со златниот прстен, кој дава раскошна доза и воедно ја симболизира инспирацијата за мирисот. Верен на естетиката на куќата Giorgio Armani, дизајнот на шишето добива инспирација и хармонија од спротивставените елементи.

Истовремено, шишенцето на мирисот MY WAY INTENSE е направено земајќи ја предвид одговорноста спрема околината, односно има нов иновативен метод на повторно полнење. Следејќи ги стапките на MY WAY кој може повторно да се наполни, ова шише претставува нов, одржлив начин на консумирање квалитетен мирис, кој го намалува неговото влијание врз планетата. Кутијата на мирисот е исто така дизајнирана на одржлив начин, односно истата е изработена од рециклиран картон, додека за печатењето е користена боја од растително потекло.

 

ПОСВЕТЕНОСТ НА ИДНИНАТА

Во срцевината на мирисот MY WAY INTENSE, концептот е еколошки, исто како и кај оригиналниот мирис MY WAY. Таа водечка вредност ја одржува посветеноста на куќата Giorgio Armani за смалување на своето еколошко влијание, која посебно е усмерена кон емисијата на јаглеродни гасови, главниот двигател на климатските промени. За да го постигне тоа, брендот кога е возможно се труди да ја избегне, намали и ублажи емисијата на јаглеродни гасови. Giorgio Armani е посветен кон пружање поддршка за зачувување на клучните шуми, ублажувајќи ги преостанатите емисии со програми за пошумување и проекти за зачувување. На крајот, мирисот MY WAY постигнува јаглеродна неутралност.

ЕКОЛОШКИ КОНЦЕПТ ВО СРЖТА

Шишето на мирисот е дизајнирано со цел движење на промените во начинот на потрошувачката на луксузните производи. Шишето на MY WAY INTENSE, како и шишето на мирисот MY WAY, има иновативен состав на повторно полнење, што ги прави првите шишиња од тој вид во индустријата на парфемите. Шишињата со спреј од сите големини можат повторно лесно да се наполнат, без употреба на инка. Нема потреба да одите во парфимерија, бидејќи таа едноставна постапка можете да ја направите во домашни услови. Сѐ што треба да направите е да го свртите шишето наопаку, со цел џусот да се преточи во оригиналното шише, при што нема да се прелие ниту една капка од мирисот. Поради оваа едноставна метода на повторно полнење на шишето, интуитивно ќе го преземете најодговорниот став спрема потрошувачката, бидејќи користењето помалку материјали станува практична опција. Оригиналното шише е прекрасен предмет, дизајниран да трае.

Шишето на мирисот MY WAY INTENSE од 50мл и шишето за повторно полнење од 150мл, заедно претставуваат намалување од 64% во поглед на јаглеродните емисии, кои настануваат при производство на овој мирис[1]. Со повторно полнење на шишето се избегнува создавањето на јаглеродни емисии од производството на поголем број шишиња. Во споредба со користење на четири различни шишиња со спреј од 50мл, шишето од 50мл и шишето за повторно полнење од 150мл заедно прават смалување од 32% од аспект на користење на картон, 55% смалување во поглед на употреба на стакло, 64% смалување во поглед на употреба на пластика и 75% смалување во поглед на употреба на метал.

[1] Употреба на шише за повторно полнење, наспроти купување уште едно шише во пакување

ca0680a6cbc11b1fab3001390e640b03
35c1b0aa418320a6d2ed1c9758577309
Armani My Way Refillable Image

Рециклираните материјали и материјалите кои можат да се рециклираат, како и шишињата и пакувањето, се одбрани со цел смалување на нивните јаглеродни емисии. Шишињата со спреј и шишињата за повторно полнење се изработени од рециклирано стакло, пластика и метал: металните и стаклените компоненти на шишето со спреј можат да се одвојат заради полесно рециклирање. Кутијата на мирисот е изработена од рециклиран картон, додека втиснатите сините букви се испечатени со мастило од раститлено потекло.

ПРИРОДНИ СОСТОЈКИ, ДОБИЕНИ НА НАЧИН КОЈ ГИ ПОДДРЖУВА ЛОКАЛНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

При создавањето на мирисот, Giorgio Armani дава предност на употребата на природни состојки, кои се набавуваат одговорно, со цел да ја осигура нивната одржливост, но и за да ги поддржи локалните заедници преку програми засновани на принцип на фер трговија, во соработка со локалните невладини заедници. Така е и со ванилата во составот на мирисот MY WAY и MY WAY INTENSE, која се набавува од планинскиот регион Loky Manambato на Мадагаскар. Постапката на производство на ванила се следи внимателно, како би се осигурало дека е доследна на квалитетот. Истата се произведува во склоп на инклузивната програма за набавка, во соработка со локалната невладина организација Fanamby, која им дава предност на добавувачите кои на ранливите групи им овозможуваат сигурни работни места и приходи, и ги диверсифицираат приходите за да ги подобрат локалните извори на приходи, пружајќи поддршка на производителите да покрај ванила, одгледуваат и рози и кафе. Ова го поттикнува локалното претприемништво.

eboutique 06 ingredient 2 1
commitments 4 consciously
АКЦИЈА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ШУМИТЕ

Како составен дел на својата посветеност кон тоа да ја стави животната средина во сржта на самиот бренд, куќата Giorgio Armani допринесува и со неколку важни проекти во областа на пошумувањето и зачувувањето на шумите.

Giorgio Armani во Бразил поддржува проект во регионот Serra do Amolar со цел заштита на 11 000 хектари Pantanala, најголемото светско мочуриште. Покрај заштита на шумата, овој проект на локалните заедници ќе им пружи одржлив прилив на приходи и можности за образование.

Во Амазон во Перу, Giorgio Armani поддржува проект кој ги поттикнува земјоделците да се вклучат во одржливото производство на јаткасти плодови, а со тоа им помага во заштита на шумите во тоа подрачје. Со оваа програма ќе се заштитат повеќе од 1 000 хектари шума и ќе се обучат 460 луѓе во областа на протоколите за заштита на шумите, со што ќе се поттикне економијата со вклучување на 400 семејства во одржливото производство на јаткасти плодови.

Во Зимбабве е проектот Кариби, со кој се промовира благосостојба и одржливост на заедниците, при што се заштитува подрачјето кое е повеќе од 600 хектари.

 

MyWay EDP Intense alt13

На Мадагаскар, земјата од која потекнува ванилата за мирисот MY WAY INTENSE, со сертифицираната, одржлива и инклузивна програма за набавка во која е вклучен Giorgio Armani со локалната невладина организација Fanamby, е обезбедено пошумување на 150 хектари мангрова шума. Се проценува дека тоа има позитивно влијание врз најмалку 30% од малите фарми во тоа подрачје, проширувајќи ја мисијата на програмата да го поттикне локалното претприемништво и да обезбеди работа на ранливите категории граѓани.

Зачувувањето на шумите е клучен чекор во борбата со климатските промени, бидејќи освен што дрвата преку фотосинтеза апсорбираат јаглерод диоксид, тие испуштаат и кислород во атмосферата. Според проценките од истражувањето на Институтот за истражување на светските природни богатства (World Resources Institute), природните шуми имаат потенцијал да ја смалат емисијата на стакленички гасови за 11, 3 милијарди тони годишно.

ПОСТИГНУВАЊЕ ЈАГЛЕРОДНА НЕУТРАЛНОСТ?

Со купување на 16 000 тони јаглероден кредит, благодарение на кој брендот може да ги урамнотежи годишните емисии на јаглерод произведени од палетата производи MY WAY, куќата Giorgio Armani во 2021 година поддржува 4 проекти за пошумување, кои покриваат повеќе од 14 000 хектари шума, а брендот и во иднина ќе продолжи да ги поддржува проектите од ваков тип. Освен за заштита на шумите, програмите за пошумување и зачувување исто така имаат позитивно влијание и врз заедниците и промовираат одржливи практики со чија помош исто така ќе има смалување на јаглеродните емисии.

MY WAY ја постигнува својата јаглеродна неутралност благодарение на еколошкиот концепт со кој се избегнуваат и смалуваат емисиите на јаглерод диоксид, но и со програмата за зачувување на шумите и одговорната набавка на суровини на куќата Giorgio Armani, кои делуваат со цел ублажување на оние јаглеродни емисии кои е невозможно да се избегнат.

ОТЕЛОТВОРУВАЊЕ НА МОЌТА НА ИСКУСТВАТА

Прекрасниот рекламен спот за MY WAY го изразува чувството „јас сум она што живеам“, како и идејата дека нашите искуства и средби нѐ обликуваат како вистински единствени единки. Спотот и фотографијата за мирисот MY WAY навистина потсетуваат на возбудлив документарен филм.

Рекламното видео во режија на креативното дуо Hunter и Gatti, открива искрени реакции на глумицата Adria Arjona во низата интензивно чувствителни искуства со луѓе од различни делови на светот додека ги преживува. Видеото кое ја следи Adria во тие воодушевувачки моменти, од спокојни чајни церемонии во Јапонија, преку фестивал на светлата во Тајланд, до свечени улични забави во градот Jerez de la Frontera во Шпанија – сведочи за сите нејзини средби. Следниот натуралистички пристап кој е во склад со етосот на мирисот MY WAY, е тоа што ниту видеото ниту сликите не се ретуширани.

1632348015354521 1629462235652166 Encounters
launch 05 encounters
WAY THAI 2776

armani

Facebook:        https://www.facebook.com/armanibeauty

Instagram:        https://www.instagram.com/armanibeauty/

Youtube:          https://www.youtube.com/c/ArmaniBeauty

 

Коментарите се заклучени.