beckham 1
Ја претставуваме новата колекција на парфеми од David Beckham – три    парфеми инспирирани од неговите патувања и искуства
 

 

Додавајќи ги годините на иновации на колекцијата David Beckham мириси, доаѓа новото проширување на портфолиото, David Beckham го открива својот најличен производ досега: David Beckham колекција, линија од три долготрајни парфеми. Секој евокативен мирис Ве води на уникатно  патување, замислено во колекција која не само што го отсликува сопствениот живот на David, туку го слави занаетот во индустријата на парфеми, со фокус на внимателниот избор на состојки. Едноставно, но моќно прифаќање на создавањето мирис, колекција koja зрачи со префинет луксуз и воведува нов додаток во светот на мирисите на David Beckham.

Зборувајќи за колекцијата, David вели: „Имав среќа да работам со многу неверојатни парфимери од целиот свет во текот на изминатите 15 години и овој мирис го комбинира нивното знаење со мојата визија за да создадам производ кој навистина го издржува тестот на времето. Мирисот може да евоцира силни спомени и да не потсети на посебни луѓе и моменти во нашиот живот. Со кампањата EDP сакав да доловам лични спомени од моите патувања со блиските пријатели и семејството. Снимавме во Мајами и ја сакав слободата на возење по отворени патишта, со океанот на едната и шумите од другата страна. Возбуден сум за тоа како го доловивме ова чувство“.

За време на неговите долгогодишни патувања, живеење во странство и запознавање со инспиративни луѓе, David развил богато ценење за уникатните материјали, изработката и елегантните мириси. Овие страсти се оживеани во трите комплементарни парфеми на колекцијата: Infinite Aqua, Aromatic Greens и Refined Woods. Секој мирис предизвикува длабоко чувство за место и одразува различен аспект од неговата љубов кон патувањата.

Ова партнерство означува ново поглавје од долгогодишната соработка на David Beckham и Coty.

„David Beckham мирисите се омилени на потрошувачите повеќе од 15 години и јас сум лично возбуден што гледам дека брендот се шири на уште повеќе потрошувачи со воведувањето на првата палета на парфеми. David , заедно со експертите за мириси од Coty и глобално признатите парфимери Ane Ayo, Amandine Clerc-Marie & Alexandra Carlin, ги помести границите за да создаде колекција од исклучителни мириси кои ја воздигнуваат уметноста и занаетот на мирисот за вистинско транспортно искуство“, вели Stefano Curti, главен директор за брендoви во Coty.

Мирисите

Beckham, заедно со експертите од Coty Fragrance и наградуваните парфимери од куќата на Firmenich и Symrise, замислија повеќеслојна фузија на контрастни тонови кои создаваат привлечно и современо искуство на мирис. Со секој мирис уникатен за момент во животот на David, мирисите го одржуваат жив On The Road духот.

Зборувајќи за колекцијата, Will Andrews, експерт за мириси на Coty, вели: „Одличните мириси се инспирирани од одлични приказни. David  сподели неколку незаборавни искуства од места каде што патувал. Мирисите се создадени како миризливи рефлексии на тие места, за да можеме сите да уживаме во духот на моментот“.

 

Infinite Aqua

Ароматичен, свеж, воден мирис, Infinite Aqua беше инспириран од возењето по автопатот на Пацифичкиот брег, огромната експанзија на океанот и возбудливото чувство на солениот морски воздух на кожата. На почетокот, цитрусно зелените ноти од лимон и смоква се мешаат со воден океански ветер за да создадат бран на освежување. Во срцето, чистите и воздушести тонови на лаванда и воден крин додаваат плисок од машки цветен сјај. Ова еволуира во дрвенестa основа од мов со меки, смолести акценти на кедрово дрво и сандалово дрво. Ода на свежината на океанот, Infinite Aqua дава интензивно чувство на бесконечност и oживување.

Aromatic Greens

Овој дрвенест, зелен мирис го опфаќа спокојството меѓу живописната убавина на природата. Aromatic Greens се отвора со вкусен излив на ноти од лимон и нане обвиени со горчливо-сладок акцент на абсинт. Свежината се вградува во елегантното срце од прашкаст орис, зелениот лист од темјанушка и остри ноти на јаболко што го поттикнуваат зеленилото на англиското село. Конечно, земјена мешавина од кедрово дрво и пачули е споена со топли килибарни тонови, создавајќи слики од богати шуми и ридови покриени со шума. Преземајќи инспирација од смирувачката моќ на природата, Aromatic Greens зрачат со чувство на спокојство.

Refined Woods

Ориентален дрвенест мирис, Refined Woods е изграден од иконските парфимерски состојки кои Ве транспортираат до егзотични места. Инспириран од љубовта на Дејвид да тргне по отворен пат за да истражува различни пејзажи, култури и кујни, овој топол и сензуален мирис е прослава на патувањето и откривањето, каде што патувањето е награда. Мирисот започнува со зачинета-тревна инфузија од кардамон и чиста жалфија, измешани со цитрусна кедрова нота која ги мами сетилата. Ова води во цветно-земјеното срце со нотите на орис кои заземаат централно место, засилени со ароматични допири на лаванда и здравец. Мирисот е нагласен со зачинета-дрвена топлина на аспектите на тонка, кедрово дрво и ветивер, создавајќи привлечно машко искуство.

Премиум минималистички дизајн

Дизајн на шише, прекрасно едноставен, луксузен и уникатен, кој не само што го одразува концептот на мирисите, туку и личниот стил на David Beckham. Чистите линии на нежно заобленото шише имаат безвременски минималистички квалитет кој е подобрен со јасна,бела, квадратна етикета со задебелена црна типографија. Висококвалитетното стаклено шише е завршено со впечатливо црно капаче, додавајќи му луксузен изглед.

Секој мирис има свој, лесно диференциран изглед благодарение на обоената течност во внатрешноста: азурно сина за Infinite Aqua, зелен папрат за Aromatic Greens и блед песок за Refined Woods. Колекцијата е претставена во текстурен, топол сив картон со контрастни црни рабови што зрачи со машка префинетост. Заљубете се сами во новиот мирис или подарете некому  ново искуство. Палетата е достапна во шишиња од 100 ml.

Славење на Open Road

По принудниот период на затворање, целото човештво копнее за слобода на отворени простори. Оваа желба се оживува преку впечатливата печатена и дигитална кампања која ги слави бескрајните можности за излегување на отворен пат. Снимено од познатиот фотограф Lachlan Bailey – чиј препознатлив стил на возвишена реалност е и софистициран и интимен – сликите на кампањата го прикажуваат David на неговиот винтиџ мотор наспроти низа контрастни пејзажи. Преку сликите, можете да тргнете во експедиција во три поглавја, истражувајќи го пространото небо предизвикано од Infinite Aqua, зелената природа создадена од Aromatic Greens и огромните дрвја кои помагаат да се инспирира Refined Woods.

Прифатете го секое ново и привлечно искуство на животното патување. Откријте ја новата колекција на парфеми на David Beckham. Go explore.

DB EDP KV RefinedWoods 477 CMYK

Коментарите се заклучени.