Претпоставувам дека може да се каже дека бевме опседнати со OBSESSION. Ако нешто го заокружи CALVIN KLEIN за нас визуелно, тоа беше OBSESSION кампањата на Mario Sorrenti со Kate Moss. Живееше во нашите глави многу години и стана стандард за сензуалност кога дојдовме во CALVIN KLEIN. Размислувавме за мирис кој може да одрази таква идеја за сеќавање и желба за денес. За маж и жена, за сеќавањето на некој друг на вашата кожа.

 

RAF SIMONS,

Главен креативен директор на CALVIN KLEIN

 

 

Една од првите работи што ги направивме кога дојдовме во CALVIN KLEIN, беше тоа што ја погледнавме архивата на OBSESSION. Тогаш откривме толку многу слики кои никогаш не биле видени и почнавме да ја сфаќаме вистинската љубовна приказна зад кампањата на Kate и Mario. Тоа е приказна за култен и инспиративен момент во модната фотографија, но истовремено е и длабоко лична и човечка љубовна приказна, двајцата поврзани меѓусебе, нешто што никогаш нема да може да се повтори. Сакавме да погледнеме назад и да ги истражиме двајцата на нов начин, правејќи го воедно мирисот дел од оваа приказна. Сакавме меморија, визуелното и сензуалното да се испреплетат денес.

 

PIETER MULIER,

Креативен директор CALVIN KLEIN

 

 

 

Бев многу страстен за фотографија, а Kate и јас бевме вљубени… Сакав да ја фотографирам. Таа ми беше најблиска личност. Цело време ја фотографирав, па понекогаш тоа ја излудуваше, а други пати сакаше да биде дел од тоа. Навистина добро се забавуваме. Бевме млади и јас никогаш повторно не бев толку опседнат или толку вљубен во тоа да фотографирам некоја личност.

 

MARIO SORRENTI

Фотограф, OBSESSED и OBSESSION кампањи

 

 

Го паметам твојот допир, твојата кожа, твојот мирис…

 

Како реинвенција на оригиналниот култен мирис, OBSESSED претставува евокација на спомен преку мирис. Мешајќи ги меморијата и желбата, мажественоста и женственоста, минатото и сегашноста, низ овие два неодоливи мириси оддекнува оригиналниот OBSESSION.

 

Во срцевината на OBSESSED лежи споменот на поранешна љубов, поттикната од мирисот на друг на кожата. За женскиот мирис е искористена бела лаванда, додека за машкиот мирис – црна ванила. Овие елементи се искомбинирани со материјали кои се обично поврзани со половите – мошусот додава сензуална топлина на женскиот мирис, додека килибарот и мирисот на шума го зајакнуваат чувството на мажественост во машкиот. Токму оваа напнатост, овој компулсивен момент на туркање и повлекување, прави корисникот да се навраќа на овие мириси повторно.

 

 

 

Паралелно со мирисната приказна за OBSESSED, постои и визуелна. Во 1993 година, Obsession го достигна својот култен статус кога Kate Moss, фотографирана од страна на нејзиното тогашно момче, Mario Sorrenti, станува заштитно лице на мирисот. Овие иновативни и провокативни фотографии рефлектираат вистинска љубовна приказна, како и опсесија на фотографот спрема фотографијата и моделот.

 

Како што легендарната кампања се приближува кон својата 25 годишнина, OBSESSED користи слики никогаш порано видени и лична биографија за понатамошно истражување и евоцирање на идејата за сеќавање, поранешна љубов и сегашна иконографија.

 

Како прв мирис, креиран и промовиран под насока на главниот креативен директор на CALVIN KLEIN, RAF SIMONS, OBSESSED може да се смета и како славење на  поранешните, сегашните и идни мириси на CALVIN KLEIN.

 

OBSESSED е приказна за тоа како споменот, сензуалното и визуелното се испреплетуваат денес.

 

 

Комбинацијата од мирисна меморија и модерна привлечност, на заводлив начин го носи минатото во сегашноста.

 

 

OBSESSED ЗА ЖЕНИ

Ориентален, ароматичен, зелен

 

Горни ноти      цитрус;  екстракт од неролија;  елеми

Срцевина        лист од темјанушка; бела лаванда; жалфија

Основа            мошус; хелветолид; амбрета; Muscenone (вид мошус)

 

Мажествената Fougère структура е контрастирана со женствена топлина; мирисот е формиран околу основата од бела лаванда, додека кремастиот мошус се обвиткува и додава сензуалност на мирисот.

 

Комбинацијата на ароматичните горни ноти заедно со глатката кремавост во позадината, дополнително ја истражува тензијата помеѓу мажественоста и женственоста.

 

Парфимерист                           Annick Menardo

Мастер парфимерист               Honorine Blanc

 

 

OBSESSED ЗА МАЖИ

Ориентален, дрвенест, килибарски

 

Горни ноти      Oro Blanco Грејпфрут; Sichuan бибер; црн кардамом

Срцевина        листови од кедар; лабданум; кожа

Основа            пачули; срцевина од црна ванила; амброкс

 

 

Привлечната срцевина од црна ванила е софистицирано структурирана со мирис на темни, димензионални шуми, обезбедувајќи тензија помеѓу женствената мелодичност и мажествената јачина.

 

Амброксот елегантно се пробива низ состојките, додавајќи го својот елегантен и современ шмек.

 

 

Парфимерист               Ilias Ermenidis

Парфимерист               Christophe Raynaud

 

 

КАМПАЊА

 

Паралелно со мирисната приказна за OBSESSED, постои и визуелна..

 

Во 1993 година, OBSESSION го достигна својот иконски статус кога KATE MOSS стана заштитно лице на мирисот. Таа имаше само 18 години кога нејзиниот тогашен 20 годишен дечко, MARIO SORRENTI, ги направи фотографиите за кампањата.

 

Sorrenti веќе имаше покажано исклучителен талент за фотографија, а Moss не само што стануваше модел, туку ѕвезда. Кога уметничкиот директор Fabien Baron му покажал на CALVIN KLEIN некои неформални фотографии од Moss направени од Sorrenti на нивен приватен одмор, CALVIN KLEIN лично го испратил парот сам на Британските Девствени острови.

 

Од парот било побарано за OBSESSION да ја повторат интимноста и неформалноста исто како на фотографиите од нивниот одмор, без фотографски тим, без тим задолжен за шминка и фризура и без присуство на уметнички директори.

 

Исклучително добрите и провокативни фотографии ја рефлектираат вистинската љубовна приказна на парот, а покрај тоа што прикажуваат процветување на првата љубов, од фотографиите може на некој начин да се забележи и опсесијата на фотографот кон моделот и кон фотографијата.

 

 

 

Како што легендарната кампања се приближува кон својата 25 годишнина, OBSESSED користи слики од порано кои никогаш претходно не се видени, како и лична биографија за понатамошно истражување и поттикнување на идејата за сеќавање, поранешна љубов и сегашна иконографија.

 

Трансформирајќи некои од дополнителните и невидени фотографии, а вкупно има повеќе од 250, самиот Mario Sorrenti ја ревидира својата сопствена историја. Покрај овие иконски фотографии постојат и филмови и дневници, исто така никогаш видени, направени од страна на фотографот. Токму овде може да се чуе како Sorrenti зборува за неговите лични сеќавања од тоа време.

 

Со користење на дополнителни слоеви длабочина, топлина и интимност, OBSESSED кампањата понатаму ја открива вистинската љубовна приказна зад фотографската и мирисната пресвртница. Со својата јасна, црно-бела едноставност, кампањата истовремено ги рефлектира минатото и сегашноста.

 

 

Таленти                        Kate Moss и Mario Sorrenti

 

Директор/

Фотограф                    Mario Sorrenti

 

Креативна насока         CALVIN KLEIN, Inc.

и M/M (Paris)

 

 

ПРАШАЊА + ОДГОВОРИ

СО MARIO SORRENTI

 

Како течеше креативниот процес за OBSESSION?

 

Сè беше многу природно и инстинктивно, само Kate и јас и неформално фотографирање. Имав Bolex, но го имав и мојот Pentax и иако бевме испратени таму да работиме, се чувствувавме како да сме на одмор. Беше лично и интимно.

 

Како беше да се работи со Kate тогаш? Како би ја опишале вашата врска?

 

Беше одлично. Бевме млади и заљубени и јас обожавав да ја фотографирам. Кога работевме на кампањата за Obsession таа имаше 18 години, а јас 20, нашите животи само што започнуваа. Немавме притисок за ништо. Бевме сосема опуштени и се забавувавме.

 

Што мислите, зошто OBSESSION стана толку култна кампања?

 

Немам идеја! Не знам зошто стана толку култна, едноставно стана. Јас не пристапив баш со намера да направам култни фотографии.

Не знаевме што ќе правиме. Сакавме само да направиме нешто интимно, прекрасно и едноставно. Гледајќи назад, можеби стана култна бидејќи беше искрена. Наеднаш луѓето почнаа да полудуваат по неа. Стана многу контроверзна. Некои ја сакаа, а други ја мразеа. Можеби за некои беше премногу лична. Оние кои ја сакаа беа повеќето на наша возраст.

 

Кој е концептот за OBSESSED кампањата?

 

Концептот за кампањата на Obsessed е повторно да се посетат тие слики и да се вратат назад како спомени. Има многу материјал кој никогаш не бил употребен и никогаш не бил виден. Часови и часови поминати со 16мм камера. Станува збор за стари фотографии, претурање по старите филмови, повторно уредување на фотографиите, откривање нови фотографии, на некој начин преживување на тоа време и тие фотографии и филмови.

 

Какво е чувството да се потсетите на таков одлучувачки момент?

 

Беше навистина посебно. Имаше прекрасни луѓе кои работеа на проектот, па беше задоволство. Но, исто така е и многу емотивно, очигледно. Враќање на многу стари спомени, тоа беше навистина интересно. Неверојатно е да се видат тие очи повторно. Ми се допаѓа тоа…

 

Како вашиот креативен процес се смени од тогаш до сега?

 

Многу е сменет. Сега имам повеќе луѓе кои ми помагаат, а  тоа е одлично и е многу повеќе фокусирано. Порано беше многу инстинктивно. Јас тогаш се уште учев за фотографијата и за уметноста. Бев многу наивен. Мислам дека денес сум многу повеќе свесен за тоа што го правам.

 

 

ШИШЕНЦИЊА И ПАКУВАЊЕ

 

Отстранувајќи ги сите споредни елементи, шишенцињата на OBSESSED се речиси меморија на самите себеси.

 

Шишенцињата на OBSESSION овојпат се позаоблени и целосно проѕирни, додека мирисите се сконцентрирани на евокација на спомен преку самиот мирис.

 

Додека OBSESSION беше креиран од страна на CALVIN KLEIN лично и лансиран во 1985 година, OBSESSED е првиот мирис на модната куќа создаден под насока на RAF SIMONS. Шишенцињата и пакувањата ја одразуваат желбата на Simons да се врати на сензуалното јадро на CALVIN KLEIN, на основите на модната куќа и нејзините култни мириси, но истовремено навестувајќи и свеж почеток.

 

Постои замисла да се вратиме назад и да одиме напред што се однесува до шишенцињата, пакувањето, мирисите и рекламирањето на OBSESSED. Славење на минатото, сегашноста и иднината на CALVIN KLEIN.

 

КОЕЛКЦИЈА

 

 

OBSESSED For Women

 

Eau de parfum 30 ml –              3080 денари

Eau de parfum 50 ml –              4305 денари

Eau de parfum 100 ml –             5540 денари

 

 

OBSESSED For Men

 

Eau de toilette 30 ml –               2465 денари

Eau de toilette   75 ml –             3700 денари

Eau de toilette 125 ml –             4925 денари

 

 

 

 

Коментарите се заклучени.