GIORGIO ARMANI

 

Sky di Gioia

Eau de Parfum

 

Назив на производ Цена на мало
SUN DI GIOIA EDP 30 ML 3140
SUN DI GIOIA EDP 50 ML 4380
SUN DI GIOIA EDP 100 ML 5800

 

НОВ ИЗРАЗ НА РАДОСТ

 

Носи чиста радост во своето будење. Лансиран во 2010 година, ACQUA di Gioia е како грациозна експлозија од живописен мирис посветен на природата и водата, изворот на животот. Потоа следуваа два нови парфема, двата спакувани со силни емоции и под силно влијание на веселата моќ на елементите: AIR di Gioia и SUN di Gioia.

Вода, воздух и сонце… трите посебно силни елементи на нескротливиот природен свет, сега имаат нивни парфеми.

Оваа година, колекцијата добива бесконечно пространство на соништа: Sky di Gioia.

 

Sky di Gioia е несовладливо искуство пренесено преку визијата на убавината, која успокојува и создава чувство на среќа… слика која никогаш не бледее; приказ на изгрејсонце кое свети со розова боја над морето. Исто така е и порака за надеж: почетокот на секој ден носи бескрајно нови можности, и секоја зора е ветување за оптимизам.

 

Парфумерот Marie Salamagne (од комапнијата Firmenich) го отслика небото во нежни нијанси употребувајќи техники да ја направи свежата роса од розата центифолија срцето на Sky di Gioia. Потоа тоа го надополни со блескава комбинација од овошни ноти: свеж, сочен цвет од личи во склад со крцкава зелена круша, двата мириси како еден, како сончев зрак. Кадифестата луксузност на божурот го прекрива мирисот на розата со капки на свеж, суптилно солен Transluzone. Нежна, милувачка, розата центифолија е додадена во традиционалниот стил со цел да даде уште поголема суптилност. Како резултат, цветот открива страна која е деликатна и кревка како пупка од роза. На крај, белиот мошус Helvétolide го додава својот акцент од црна рибизла и листови од капинка на овој природно женствен и радосен свет.

 

„Јас сум фасциниран од зората, од нејзиното постојано менување на боите и бескрајниот контраст на светлина и замрачување“,Giorgio Armani.

 

Тркалезно и мазно како камче, инспирацијата за шишенцето на Sky di Gioia доаѓа од палетата бои на медитеранското зајдисонце, многу бледа розева нијанса, рефлектирана на чистото стакло. Капачето пак, има поинтензивна нијанса на розева.

 

Од 2015 година, изборот на Giorgio Armani за амбасадор на di Gioia е унгарскиот модел Barbara Palvin. Barbara го украсува секое ново поглавје на приказната за Gioia. Нејзиното лице е портретирано во една боја, во суптилна розева нијанса со цел да се долови нежноста и волшебната особина на Sky di Gioia.

 

 

 

www.armanibeauty.com

 

 

Назив на производ Цена на мало
ACQUA DI GIOIA EDP 30 ML 3140
ACQUA DI GIOIA EDP 50 ML 4380
ACQUA DI GIOIA EDP 100 ML 5800
AIR DI GIOIA EDP 30 ML 3140
AIR DI GIOIA EDP 50 ML 4380
AIR DI GIOIA EDP 100 ML 5800
SUN DI GIOIA EDP 30 ML 3140
SUN DI GIOIA EDP 50 ML 4380
SUN DI GIOIA EDP 100 ML 5800

Коментарите се заклучени.