Првиот CALVIN KLEIN мирис креиран според визијата на главниот креативен директор,

Raf Simons

 

WOMEN означува не една, туку повеќе – група индивидуи, секоја со свој посебен глас, со свое уникатно јас. CALVIN KLEIN црпи инспирација од повеќекратниот идентитет на женственоста денес – од модерните жени и нивните безбројни интерпретации – да измисли и креира нов мирис, првиот CALVIN KLEIN мирис креиран според визијата на главниот креативен директор, Raf Simons: CALVIN KLEIN WOMEN.

7M0A7345 Edit VersionЖената се инспирира од многумина, со цел да се трансформира. CALVIN KLEIN WOMEN е инспириран од оваа инхерентна разновидност, од плуралност комбинирана со индивидуалност, од слобода, од идејата да живееш според ничиви правила, туку според своите.

Пораката која ја пренесува CALVIN KLEIN WOMEN допира до многумина. Им зборува за жените универзално, мирис евокативен на повеќекратните идентитети кои тие ги претставуваат. Жените имаат повеќе од една личност во себе, со вродена слобода да се откријат  повторно себеси. Наследството на креативноста на модната куќа CALVIN KLEIN не е само да ја рефлектира културата, туку и да помогне во нејзиното дефинирање. CALVIN KLEIN WOMEN ја рефлектира динамичната и повеќестрана женственост, која го одразува креативниот дух на Raf Simons и новата ера во CALVIN KLEIN.

Во оваа кампања за CALVIN KLEIN WOMEN, се појавуваат само жени и истата преставува славење на култни жени од минатите генерации, а воедно ги слави хероините на современата култура.

 

#IAMWOMEN

 

КАМПАЊА: ЖЕНИТЕ СЛАВАТ ЖЕНИ

 

„Кога и пристапував на кампањата за CALVIN KLEIN WOMEN, бев љубопитна да видам дали е возможно да се создаде поинаков вид слика, слика која ќе биде и самоуверена, а воедно и сочувствителна, каде женските субјекти би можеле да ги артикулираат и проектираат нивните идентитети.“ – Anne Collier

7M0A3487Креиран во партнерство меѓу Lloyd & Co. и артистката Anne Collier, чии посебни и веднаш препознатливи фотографски дела се појавуваат и на пакувањето, како и на самото шишенце, во кампањата за CALVIN KLEIN WOMEN се појавуваат две жени кои помагаат во обликување на нова, холивудска слика: LUPITA NYONG’O и SAOIRSE RONAN.

Наградувани актерки и гласови на генерацијата, двете жени се универзално познати по нивниот уникатен талент, креативност, интелигенција и сила на карактер. Тие се аспиративни фигури и инспирација за жените низ светот.  Nyong’o и Ronan се појавуваат во кампањата за CALVIN KLEIN WOMEN во впечатливи и директни портрети на Collier, симултано предизвикувајќи и поканувајќи го набљудувачот во CALVIN KLEIN универзумот.

За возврат, овие инспиративни жени одбраа фигури од минатото кои ги инспирирале, икони на женственост кои им помогнале да ги обликуваат нивните идентитети, како креативно, така и како жени.

Кампањата претставува триптих од сликите на овие актерки, а до нив култните женски фигури одбрани од самите Nyong’o и Ronan, жени кои ги инспирирале и кои влијаеле на нив.

 

LUPITA NYONG’O: „Потребно е повеќе од една личност за да се направи поединец.”

 

SAOIRSE RONAN: „Можеш да избереш каков тип жена сакаш да бидеш.“

 

ЖЕНИ КОИ ЈА ИНСПИРИРААТ LUPITA NYONG’O’: EARTHA KITT И АКТЕРКАТА KATHARINE HEPBURN

 

„Eartha Kitt и Katharine Hepburn се примери на луѓе кои не прифатиле статус кво, туку направиле простор за себеси. Јас сум инспирирана и водена од нивниот интегритет и нивната способност да зборуваат и да застанат зад она во кое веруваат, да ја променат историјата. Им се восхитувам на нивните жестоки артистички гледишта и на тоа дека не се предале себеси. Се обидувам да бидам слично автентична и полна со интегритет.“

– Lupita Nyong’o

 

ЖЕНИ КОИ ЈА ИНСПИРИРААТ SAOIRSE RONAN: SISSY SPACEK И NINA SIMONE

 

„Sissy Spacek  се чини дека има волја да проба сè и да оди секаде. Таа била слободна и пионерка. Nina Simone пак, била способна да ја обликува музичката индустрија и себеси, да се претвори во она што требала да биде. Она што е важно за нас е тоа дали нечија работа влијае на нас? Дали не погодува? Да ги гледаш луѓето како прават нешто за кое се страстни, е инспиративно. Тоа не поттикнува да го правиме истото, да се чувствуваме исто.“  – Saoirse Ronan

 

ДЕТАЛИ ЗА МИРИСОТ

Дрвенесто-флорална композиција

Горни ноти: плод од еукалиптус
Срцевина: цвет од портокал
Основа: кедрово дрво од Алјаска

Креиран од парфимерите Annick Menardo и Honorine Blanc, CALVIN KLEIN WOMEN е игра на контрасти, бескрајно различни како и личностите на жени кои го инспирираат.

Спојувајќи сила со нежност, свежина со сензуалност, мирисот обоен во светло розова нијанса е изграден околу три клучни состојки – деликатни ливчиња од цвет од постокал, свежи плодови од еукалиптус и богато кедрово дрво од Алјаска, во комбинација со црн бибер и лимон Sfuma, букет од магнолија Grandiflora и екстракт од јасмин, како и заводливата сила на есенцијалното масло од Olibanum и амброкс.

Евоцирање на обичаите на CALVIN KLEIN WOMAN, секоја состојка е почитувана и прославена – поединецот е витален како и колективата и не можат да постојат еден без друг, комбинирани со цел да создадат неочекувана и уникатна дрвенесто-цветна композиција. Во овој динамичен и модерен мирис, оној кој го носи открива вродена двојност, постојана тензија помеѓу различни елементи. Тој претставува мирисен портрет на повеќестраната женственост денес.

 

ШИШЕНЦЕ

 

Хибрид, кој опфаќа повеќе светови истовремено, шишенцето и пакувањето на CALVIN KLEIN WOMEN го изразуваат креативниот идентитет на Raf Simons. Работата на Simons постојано ги надминува границите на универзумите на уметноста и модата, каде е додаден и јазикот на класичната парфумерија. Создаден од Suzanne Dalton во соработка со Anne Collier, шишенцето на мирисот е приказ на безвременската женственост, со ергнономски заоблена форма во тешко стакло. Симултано истражувајќи и нарушувајќи ги естетските кодови, почитувајќи ги традициите и слободно предизвикувајќи ги, шишенцето ги спојува овие референци кон минатото со нов пресврт – графичко, големо капаче во форма на диск, кое претставува платно за фотографскиот принт на Anne Collier. Овој парфем ги замаглува границите помеѓу уметноста и модата, користејќи цитати од визуелниот јазик на модерната фотографија, како и старосни поими за женственоста.  Тој одбива да се прилагоди. Притоа, ја продолжува традицијата на кршење на правилата, синоним за CALVIN KLEIN.

 

ДИЗАЈН

 

Илустрацијата која може да се види и на пакувањето и на шишенцето на CALVIN KLEIN WOMEN, е создадена од артистката Anne Collier – женско око, кое гледа надвор кон светот. Тоа е трансформирано во различни инкарнации, како производ на фасцинацијата на Raf Simons од модерната уметност, неговото транспонирање на дела од личности како што е Andy Warhol на дизајнот на облека. Овде, работата на Collier е врамена или со капачето во кружна форма, кое претставува уметнички објект самото по себе, или на белото пакување на самиот парфем, функционирајќи како неконвенционален минијатурен уметнички ѕид. Работата на Collier го рефлектира тоа што значи да си жена и како жените се прикажани во уметноста, маркетингот и медиумите. Окото е мотив кој се повторува во работата на Collier и е тесно поврзано со механизмите на камерата. Според Collier, окото е прагот помеѓу нашите внатрешни и надворешни животи, помеѓу нашите  желби и нашите секојдневни реалности.

 

БИОГРАФИИ

 

LUPITA NYONG’O

 

Lupita Nyong’o го имаше своето деби во прочуениот филм на Steve McQueen од 2013 година, “12 Years a Slave.” За истиот, таа доби Оскар за најдобра споредна женска улога, а после тоа следуваа и уште многубројни награди. Lupita исто така имаше и улога во прочуениот „Војна на ѕвездите“ на J.J. Abrams’, “Star Wars: The Force Awakens” (2015), а оваа година се појави и како Nakia во новиот филм на Marvel, “Black Panther.” Она што е следно е дека таа ќе глуми и ќе го режира филмот “Born a Crime,” биографија базирана на најпродаваната книга на Trevor Noah, која го носи истиот наслов. Таа исто така ќе ја режира и ќе глуми во минисеријата, адаптација според истоимениот роман на Chimamanda Ngozi Adichie, “Americanah.” Таа исто така ќе глуми и во “The Woman King,” заедно со Viola Davis, но исто така и во австралискиот комедија-хорор “Little Monsters” заедно со Josh Gad. Во 2009 година, Nyong’o се најде во улога на режисер, сценарист и продуцент на долгометражниот документарец кој доби и награда, “In My Genes,” истражување на маргинализацијата и стигматизацијата на генетската состојба – албинизам. Во 2019 година, Simon & Schuster Books ќе ја објават “Sulwe”, првата детска книга на Nyong’o, која ја развива тематиката со бојата на кожа, односно преференцијалниот третман на оние кои имаат посветла боја на кожа. Nyong’o покрај глумата, позната е и по активизмот и хуманитарството.

 

SAOIRSE RONAN

 

Добитничка на Златен глобус и 3 номинации за Оскар, Saoirse Ronan се појавува во нејзиниот прв филм – “Atonement” (2007)  на само 13 години, стекнувајќи се со нејзината прва номинација за Оскар. Таа ја добива титулата најталентирана актерка на нејзината ера со нејзината улога во остварувањето на John Crowley “Brooklyn” (2015) и со главната улога во “Ladybird” (2017) на Greta Gerwig, кој се фокусира на искуството на млада жена која е на граница на независноста. Следно, ја видовме во филмската адаптација на Ian McEwan “On Chesil Beach,” “The Seagull,” и во главна улога во биографскиот филм “Mary Queen of Scots,” кој ќе излезе во 2018 година. Поради интензивноста и извонредната способност на Ronan да предизвика чувство на вистина и реалност во сите остварувања и овие различни дивергентни ликови, таа е издвоена и обележана како ѕвезда и како важна и успешна личност во Холивуд.

Eartha

EARTHA KITT

Наречена “највозбудливата жена на светот” од страна на Оrson Welles, Eartha Kitt била вистинска модерна легенда. Kitt е позната по нејзиниот мошне специфичен глас за пеење,а таа притоа била и една од најинтересните мулти-димензионални изведувачи во шоу бизнисот. Таа беше иноватор во забавната индустрија и бесстрашен примерен модел како да се биде верен на себеси и да се прифатиш ТАКОВ КАКОВ ШТО СИ.

 

 

 

Katharine

KATHARINE HEPBURN

Katharine Hepburn е позната американска актерка и женска икона. За време на нејзината филмска кариера, Hepburn има добиено 4 награди за најдобра актерка и е прогласена за најголемата женска ѕвезда на класичната холивудска кинематографија од страна на Американскиот Филмски Институт.

 

 

 

 

Sissy

SISSY SPACEK

Sissy Spacek е една од најпочитуваните актерки во индустријата, најпозната по главната улога во “Carrie” на Brian De Palma, филм создаден според романот на Stephen King, но исто така и од нејзините улоги во “Coal Miner’s Daughter,” “In the Bedroom,” и новитетот “The Old Man and The Gun.” Таа има освоено многу награди, меѓу кои и три Златен глобус награди, Оскар, 5 номинации за Оскар, три номинации за Еми награда, како и номинација за Греми награда.

 

 

 

Nina

NINA SIMONE

На 3 годишна возраст – вистинско чудо на пијано, на 17 години – студент на њујоршкиот конзерваториум „Џулијард“, додека на 25, Nina Simone ја издава нејзината прва плоча, “I Loves You Porgy“. Брилијантна кариера која траеше 45 години, Греми награда за животно дело, влез во Рокенрол халата на славните, таа била наречена “висока свештеничка на соулот“ и е запаметена по нејзините извонредни и разновидни плочи и по нејзиниот неуморен активизам за граѓански права. Таа била независна жена, глас за маргинализираните на светската сцена, чии безвременски изведби се пример за стотици нови снимања од страна на некои од најистакнатите уметници во светот.

 

 

#IAMWOMEN

 

 

Коментарите се заклучени.