СЛАВЕТЕ ГО ЖИВОТОТ ЗА ДА ЗРАЧИТЕ СО РАДОСТ И ПРИРОДНА СЕНЗУАЛНОСТ

 

ESCADA ја слави веселата женственост со претставување на новиот CELEBRATE LIFE, ултра женствен парфем кој прави жената да се чувствува среќно, самоуверено и автентично. ESCADA CELEBRATE LIFE го доловува радосниот дух кој ги потсетува жените да го живеат животот до максимум!

ESCA CL EDP LE 18 BTSПознат по тоа што отсекогаш предизвикувал задоволство и исполнетост кај жените, брендот ESCADA отелотворува елегантна, смела и весела жена која спонтано го разведрува светот околу неа. Позитивна, смела и весела, ESCADA жената отелотворува гламур, стил и оптимизам. Како второ поглавје во CELEBRATE колекцијата, ESCADA CELEBRATE LIFE прекрасно ги надополнува стандардите на брендот за модерна женственост.

Во изборот на состојки, познатиот парфумер Aurélien Guichard одбра состојки кои асоцираат и се поврзуваат со чувство на среќа и самоувереност. Нежен цветен букет кој е составен од двете најкултни состојки во женската парфумерија, роза и цвет од портокал. Овие елементи се избрани со цел да ја претстават безвременската женственост. Разнобоен овошен коктел составен од ноти на круша и личи, како втора состојка, која претставува среќа и млада личност, и последна но не и најмалку важна состојка, деликатните ноти на килибар, кои претставуваат поприродна и релаксирана интерпретација на сензуалност. Овие состојки се суптилно помешани со ноти на ванила и сандалово дрво, кои придонесуваат за топлина на мирисот.

Во срцето на кампањата, амбасадорката Sofi Fahrman го доловува позитивниот став за животот за кој се залага ESCADA. Шведската новинарка и модна репортерка го живее животот исполнето секој ден, без разлика на предизвиците со кои се среќава. „Понекогаш се работи за мали работи кои ги правиме со сето срце, а кои ни носат најголема радост“ – Sofi Fahrman

ESCA CL EDP LE 18 CPS Roses

ESCADA CELEBRATE LIFE продолжува да ја слави CELEBRATE серијата со надополнување на претходното остварување и икона, Celebrate Now. Елегантно и аеродинамично, шишенцето се вклопува со рафинираната елеганција која е синоним за ESCADA.

Животот треба да се слави и да се живее во потполност. Ние го славиме животот со откривање на тие магични моменти, со малите работи со кои секојдневно се среќаваме. ESCADA CELEBRATE LIFE ги повикува жените да живеат во моментот и да ја откријат слободата на живеење на животот. Идејата да се чувствуваш самоуверено, и помага на ESCADA жената да блеска со среќа и сензуалност. Ова се аспектите кои за ESCADA го претставуваат начинот на кој жените го слават животот денес.

ESACADA CELEBRATE LIFE ќе направи многу повеќе од тоа што ќе ја задоволи жената која сака да го открие уживањето во животот, таа ќе продолжи да биде извонреден мирис за оние кои сакаат да зрачат со радост и природна сензуалност.

Коментарите се заклучени.