СИНО НЕБО И ПЛАЖА СО ЗЛАТЕН ПЕСОК

ЉУБОВТА ГО ИСПОЛНУВА ВОЗДУХОТ

ЗАПОЧНУВА НОВО ПОГЛАВЈЕ НА СЕСТРИНСТВОТО

DAISY LOVE MARC JACOBS

 

 

КАМПАЊА

 

Веќе повеќе од една деценија, Daisy Marc Jacobs ги освојува срцата на девојките низ целиот свет со својот младешки дух и спонтан шарм.

 

Оваа пролет,  Daisy Love Marc Jacobs го пренесува омилениот daisy универзум од живописни полиња, на една прекрасна сончева плажа каде љубовта и среќата владеат со нов блескав мирис и визуелно извонредна рекламна кампања, каде заштитно лице е daisy музата Kaia Gerber.

 

Филмот е снимен од страна на прочуениот британскиот моден фотограф Alasdair Mclellan, а во истиот се прикажани Kaia и моделите Aube Jolicoeur и Faith Lynch под златното сонце на прекрасна калифорниска плажа.

 

Кампањата ја слави убавината на сестринството и пријателството преку серија живописни портрети, кои ја отсликуваат суштината на мирисот и остануваат верни на верувањето на DAISY дека животот треба да се живее до максимум.

 

МИРИС

 

Daisy Love го исполнува воздухот со блескави цветови кои евоцираат задоволство и среќа гледајќи го сонцето на синото небо како се рефлектира од океанот.

 

Несомнено женствен, со младешка, но сепак софистицирана композиција, Daisy Love се отвора со свежи и ведри ноти на кристализирани cloudberries (вид бобинки), кои носат слаткост на мирисот.

 

Во срцевината, ливчињата од дрво маргарита се испреплетуваат со топлината на кашмир мошус и дрифтвуд за нежна и незаборавна трага на кожата.

 

Горни ноти: кристализирани cloudberries (вид бобинки)

Срцевина: ливчиња од маргаритка

Основа: кашмир мошус, дрифтвуд

 

Парфумерска куќа: Firmenich

Парфумер: Alberto Morillas

 

 

ДИЗАЈН

 

Како ода на духот кој го отелотворува daisy love, новото шишенце е комплетно оригинален дизајн кој ги надополнува неговите “сестрински“ мириси на еден разигран, но сепак рафиниран начин.

 

Луксузното и мајсторски изработено иновативно капаче, е украсено со голем бел расцветан цвет од маргаритка, со златен детал во средината за прекрасен и луксузен изглед.

 

Чистото стаклено шишенце е елегантно украсено со ливчиња на капачето и е структурирано со мазна кружна основа, која го нагласува топлиот сјај на џусот daisy love кој се наоѓа внатре.

 

Надворешното пакување е во сјајна бела боја и прикажува голем цвет од маргаритка во нијанса на боја на праска, кој ја опфаќа предната страна на пакувањето.

 

Дизајнер на шишенце: Marc Jacobs во соработка со Coty

 

 

 

 

 

 

 

Коментарите се заклучени.