Max Factor Ви ја претставува новата кампања Мy Factor

инспирирана од убавината на секоја жена

 

[20/02/2018] – [Македонија] – Max Factor или таткото на шминката како што го нарекуваат, е човекот кој уште пред 100 години го создаваше гламурот во Холовуд, трансформирајќи ги во вистински бјути икони жените со кои соработуваше.

Денес, козметичката куќа Max Factor продолжува во истата насока создавајќи производи за секојдневните потреби на жената, производи со кои таа ќе ја истакне својата убавина и она што го сака на себе.  Оваа сезона козметичката куќа Max Factor ви ја претставува својата нова кампања која е инспирирана од индивидуалната убавина која што секоја жена ја носи во себе. Идејата позади кампањата е дека секоја жена е засебна, уникатна сама по себе, секоја жена има детал кој остава најголем впечаток а токму тоа е факторот кој ја прави убава.

Елена Реи и Антонија Локвенец се девојките од кои ја црпевме инспирацијата за My Factor. Преку оваа кампања ќе ви ги откриеме нивните фактори и сите трансформации кои ги направивме во соработка со мејк ап артистот Васе Докоски.

Коментарите се заклучени.