ck

Нов, смел мирис за секоја генерација, CK EVERYONE најавува ново, култно поглавје во CK ONE приказната.

Инспириран од автентичноста и младешкиот ум, кој не е ограничен од граници, родови норми и дефиниции, CK EVERYONE претставува експлозија од бесконечни можности.

Почит кон индивидуалноста и слободата на самоизразување, CK EVERYONE кампањата е предводена од инспиративен колектив, составен од талентирани артисти, музичари како и креативци, кои совршено отсликуваат повеќе страни од себеси и ги редефинираат границите.

Мастер парфимерот, а воедно и создавачот на култниот CK ONE мирис, Alberto Morillas, креирал полово-неутрален мирис со чиста свежина употребувајќи 79% природно добиени состојки, игнорирајќи го традиционалното делење на мирисите по пол, а тоа совршено може да се види и од мирисот и кампањата.

CK EVERYONE е совршена комбинација од чиста свежина, слатка сензуалност и доза провокативност. Цитрусен мирис кој доминира со ноти на масло од освежителен органски портокал, искомбиниран со ноти на син чај и вибрантна основа од кедрово дрво, за еден полово неутрален мирис.

Како чист и еколошки свесен мирис, CK EVERYONE е вегански и во себе содржи 79% природно изведени состојки.

Шишето и пакувањето на CK EVERYONE се создадени од рециклирани материјали, во чест на неговата едноставност и чистина. Ултра модерното транспарентно стакло содржи 10% пост-потрошувачки рециклирани материјали, а истото може повторно да се рециклира со отстранување на пумпицата и еластичната трака, додека картонската кутија содржи 30% пост-потрошувачки рециклирани материјали.

Комбинирајќи две култни нешта, CK EVERYONE оддава почит на култната CALVIN KLEIN долна облека и на препознатливата еластична трака, со тоа што на самото шишенце е ставена иста таква на која е испишано логото, исто како и на долната облека.

Коментарите се заклучени.