boss

 

 

 

Најдете време да се сконцентрирате и продолжете понатаму со BOSS BOTTLED TONIC

 

Новиот свеж мирис од препознатливото портфолио на BOSS BOTTLED, BOSS BOTTLED TONIC ни открива нови аспекти на модерната маженственост, повикуваќи го мажот на денешнината да се сконцентрира на неговиот пат кон успехот.

 

Во денешното се повеќе изразено брзање на светот, мажот на денешнината ја препознава важноста од подзастанувањето за да најде моменти кои ќе му помогнат да ја насочи својата перспектива која ќе го движи напред. Движечки, посветен и страсен за успех, BOSS BOTTLED TONIC ја содржи во себе оваа потреба на мажот на денешнината и преку својот единствен мирисен потпис го поттикнува да ги постигне своите цели.

 

Типично мажествениот свеж мирис, BOSS BOTTLED TONIC, е елегантна мешавина од софистицирани ноти од  цитрус, зачини и  шуми, кои заедно го прават мирисот полесен и му даваат освежувачка димензија на класичниот мирис.

 

BOSS BOTTLED TONIC се отвара со нотите на пикантен грејпфрут, горчлив портокал и лимон измешан со јаболко кои ни овозможуваат зголемување на свежината и на светлината. Овие акорди ни носат суптилна софистицираност со горчливи нијанси, кои ја отсликуваат динамичната комбинација од контрасти кои го прикажуваат балансот кој го прави мажот на денешнината залагајќи се да ги оствари своите цели останувајќи верен на своите вредности.

 

Со вовдеувањето на ѓумбирот и неговиот остар мирис, наеднаш се доби неочекувана енергија во ладното отварање на мирисот. И во истовреме, додека се зајакнува динамиката на триото од каранфилче, здравец и цимет, ѓумбирот внесува нов и еднинствен елемент на машавината: тој е траен и многу личен на мажот кој го носи.

 

Одржувајќи го префинетиот квалитет на исушена шума кој се наоѓа во класичниот мирис, острината, благородната нишка од ветивер исто така потсетува на богатсвото на земјата, оживувајќи ги автентичноста и вредностите кои го пратат мажот на денешнината каде и да оди.

 

BOSS BOTTLED TONIC е претставен во препознатливото BOSS BOTTLED шишенце, сега со освежувачка плава течност која ја одразува неговата растечка светлина и енергија која е дестилација на тој свеж момент на јасност кој му е потребен на мажот на денешнината.

 

Фотографот Cliff Watts ја сликаше новата принт кампања за BOSS BOTTLED TONIC, покажувајќи го мажот на денешнината и вредностите според кои тој го живее својот живот: храброст, сила и интегритет. Резултатот е колекција од слики кои резултираат со освежен изглед, спремен за успех.

 

BOSS BOTTLED TONIC ќе биде достапен од Март 2017 година

 

 

BOSS BOTTLED TONIC EDT 50ml 4060
BOSS BOTTLED TONIC EDT 100ml 5360

Коментарите се заклучени.