armani

 

Ви го претставуваме новиот парфемски дијалог помеѓу жените и мажите

 

Giorgio Armani je 1981година го осмисли и го креираше Emporio Armani како урабан и енергичен бренд кој ја отелотворува младоста, слободата и позитивната енргија. Emporio Armani всушност претставува линија за жени и мажи кои слободно уживаат во се што прават.

„За мене Emporio уште од самиот почеток ми е омилен медиум за “истражување на теренот”.  Гледајќи во секојдневниот живот, откривам во која насока треба да се оди.

Иако е полна со младешки дух, колекцијата не е наменета исклучиво за тинејџерските дваесетти години, туку и за оние кои сакаат да се чувствуваат млади, без оглед на возраста, додека ја одржуваат софистицираноста и префинетоста. ”

 

Giorgio Armani

 

2017та е година за два нови мириса кои го одразуваат современиот начин на живот и се обраќаат кон новата генерација:

 

 

armani 2

 

 

Две имиња – две фрази кои влегуваат во љубовен дијалог, презентирани во серија од кратки филмови во режија на Fabiena Constanta, каде главните улоги ги имаат Matilda Lutz и James Jagger.

 

     ЉУБОВТА ИЗРАЗЕНА ПРЕКУ МИРИС

 

Парфемско дуо со еднква моќ. Еден, совршено женствен . Друг раскпшно мажествен. Комуницираат, се предизвикуваат и заведуваат еден со друг.

 

За неа / BECAUSE IT’S YOU

Нејзиниот мирис е весел, вкусен, пенлив и единстевно неодолив – како елегантна комбинација од нероли и зрели малини. Што една млада смирена жена крие длабоко во срцето? Нејзиниот мирис е искличително женствен, интуитивен и страствен. Веднаш ве обзема нејзиниот шарм, како опоен софистициран апсолут роза. Мирисот се поигрува со нејзината заводлива моќ како игра помеѓу ванила и мошус, откривајќи ја неверојатната сензуалност. Храбар и впечатлив, нејзиниот мирис  изразува силна желба да на саканата личност и изјави љубов: BECAUSE IT’S YOU.

 

За него / STRONGER WITH YOU

Он е прилагоден на современиот начин на живот. Непревдлив е и оригинален, како пикантен акорд во горните ноти кои се спој од кардамон, розов бибер и листови од љубичица. Зрачи со вродена елеганција и младешка лежерност, која ги одразува нотите на кадуљ во срцевината. Во долните ноти се спојуваат доза на сензуалност со ноти од “Vanilla Jungle Essence” и сладок акорд на костен, а тоа е всушност; STRONGER WITH YOU.

 

ВЕТУВАЊЕ ВО ШИШЕНЦЕТО

 

Прецизните линии и јасните облици се препознатливо обележје на стилот на Giorgiо Armani. Шишенцата на овие мириси се пред се сензуални; заоблени облици и облини кои потсеќаат на машки раменици и женски колкови. Едноставното шишенце со прецизни линии едноствано претставува право уметничко дело.

Како поврзување помеѓу машкиот и женски мирис, заобленото метално капаче дава дополнителна елеганција. Под тоа се наоѓаат два дополнителни прстена, како тела испреплетени во прегратка.

Буквата ‘O’ во зборот ‘YOU’ исто така потсеќа на два прстена кои симболизираат безусловна, страствена љубов.

 

Цени:

За неа / BECAUSE IT’S YOU                        За него / STRONGER WITH YOU

 

30мл – 3070 денари                                       30мл – 2950 денари

50мл – 4430 денари                                       50мл – 3600 денари

100мл – 6090 денари                                    100мл – 4920 денари

 

Коментарите се заклучени.