Нов, смел мирис за секоја генерација, CK EVERYONE најавува ново, култно поглавје во CK ONE приказната.
Инспириран од автентичноста и младешкиот ум, кој не е ограничен од граници, родови норми и дефиниции, CK EVERYONE претставува експлозија од бесконечни можности.
Почит кон индивидуалноста и слободата на самоизразување, CK EVERYONE кампањата е предводена од инспиративен колектив, составен од талентирани артисти, музичари како и креативци, кои совршено отсликуваат повеќе страни од себеси и ги редефинираат границите.
Мастер парфимерот, а воедно и создавачот на култниот CK ONE мирис, Alberto Morillas, креирал полово-неутрален мирис со чиста свежина употребувајќи 79% природно добиени состојки, игнорирајќи го традиционалното делење на мирисите по пол, а тоа совршено може да се види и од мирисот и кампањата.