Roberto Cavalli Florence

3,200.00 ден5,860.00 ден

За производот:

Дизајнерската куќа Roberto Cavalli во декември 2017 година го лансира својот нов парфем и нов столб парфемска линија наречен Florence. Новиот мирис е посветен на корените на овој моден бренд, инспириран од пејзажите на Тоскана. Мирисот е креиран од страна на Marie Salamagne, а истиот е најавен како модерен chypre-мошусен мирис со цитрусни, кисело-овошни и цветни ноти. Оваа деликатна комбинација е истакната со доза нежен хибискус, кој додава егзотичност и мистериозност на мирисот. Контрасните ноти на слатката црна рибизла и екстрактот од мандарина, креираат експлозија на живот и енергија. Основата е базирана на луксузна chypre нота: сензуалниот мошус и блескавиот килибар, претставуваат извонредна хармониска целина со хипнотизирачкиот пачули.

За брендот:

Roberto Cavalli е италијански моден дизајнер, познат по дизајнираната секси облека и анималистички принтови. Роден во 1940 година со уметнички корени, Cavalli студира уметност, поточно текстилно печатење, вештина која ќе се покаже како многу вредна во неговата идна модна кариера. Cavalli разива специјална техника за печатење на кожа, создавајќи уникатни дизајни. Неговите иновации во принтот на кожа го привлекуваат вниманието во модниот свет, па во 1970 година во Париз ја претставува својата прва колекција подготвена за носење. До 1972 година, го отвора и својот прв бутик во Сен Тропе, каде Брижит Бардо му помага во популаризирање на неговата облека. Денес, брендот се продава во повеќе од 50 држави низ светот. Cavalli нуди машка облека, долна облека, додатоци, вотка и парфеми. Првиот парфем, Roberto Cavalli for Women е лансиран во 2002 година. Дизајнерот Roberto Cavalli има 38 парфеми во својата колекција. Најраното издание е лансирано во 2002 година, а најновото во 2017.

Исчисти
SKU: 625 Категории: , ,