30 %
30 %
30 %

Roberto Cavalli Uomo

2,110.00 ден3,710.00 ден

Италијанскиот моден дизајнер Roberto Cavalli го претстави неговиот нов мажествен мирис во средината на 2016 година, едноставно наречен Roberto Cavalli Uomo. Eксклузивно-ориентален и ароматичен, мирисот е дизајниран за мажи кои се софистицирани, самоуверени и природно привлечни. Композицијата се отвора со впечатливите ноти на црна љубичица. Нејзиниот ладен карактер доаѓа во контраст со топлиот и сексипилен шафран. Интензивната срцевина составена од екстракт од лаванда, пружа длабочина и волумен на мирисот. Хипнотизирачката основа на кедар ја завршува композицијата. Шишенцето на мирисот е елегантно, со квадратна форма во црна боја со амблемот на Roberto Cavalli и букви во златна боја. Мирисот го креираше Christophe Raynaud.

За брендот:

Roberto Cavalli е италијански моден дизајнер, познат по дизајнираната секси облека и анималистички принтови. Роден во 1940 година со уметнички корени, Cavalli студира уметност, поточно текстилно печатење, вештина која ќе се покаже како многу вредна во неговата идна модна кариера. Cavalli разива специјална техника за печатење на кожа, создавајќи уникатни дизајни. Неговите иновации во принтот на кожа го привлекуваат вниманието во модниот свет, па во 1970 година во Париз ја претставува својата прва колекција подготвена за носење. До 1972 година, го отвора и својот прв бутик во Сен Тропе, каде Брижит Бардо му помага во популаризирање на неговата облека. Денес, брендот се продава во повеќе од 50 држави низ светот. Cavalli нуди машка облека, долна облека, додатоци, вотка и парфеми. Првиот парфем, Roberto Cavalli for Women е лансиран во 2002 година. Дизајнерот Roberto Cavalli има 38 парфеми во својата колекција. Најраното издание е лансирано во 2002 година, а најновото во 2017.

Исчисти