- 30%

Joop! Homme Absolute парфем за мажи

1,940.00 ден2,420.00 ден

За производот:

За 2019 година JOOP! ни спреми нова верзија наречена JOOP! Homme Absolute, кој отвара ново поглавје на JOOP! Homme мирисот. Овој пат неговото шишенце е црно со лого во жолта боја, а од модната куќа порачуваат “црната е новата розова“. Зад композицијата на JOOP! Homme Absolute стои парфумерот Antoine Maisondieu. Мирисот комбинира многу неочекувана цветна нота со непогрешива мажествена основа. Се отвора со зачинети ноти на црн бибер. Оваа енергична и атрактивна увертира, потоа го отстапува местото на цветот Ylang-Ylang, кој е почесто употребуван во женските парфеми. Од друга страна, основата е моќна мешавина од ноти на свеж и ароматичен ветивер, богатиот тонка грав и доза драгоцен темјан. Заштитно лице на кампањата е моделот Francisco Lachowski, заедно со својата сопруга Jessiann Gravel Lachowski.

За брендот:

JOOP! е германски моден и козметички бренд, основан од страна на дизајнерот Wolfgang Joop во 1978 година. JOOP! е особено познат по богатата линија на парфеми, започнувајќи со издавањето на првиот мирис JOOP! Femme, претставен во 1987 година. Популарниот JOOP! Homme беше претставен само две години подоцна. Двата мириси станаа многу продавани и му помогнаа на JOOP! да еволуира од модна компанија во компанија која денес нуди облека, модни додатоци, очила, мириси и производи за домот. Wolfgang Joop ја напуштa компанијата во 2001 година, но брендот успева да опстои. Куќата е во сопственост на швајцарската групација Holy Fashion Group од 2008 година. JOOP! денес е еден од најпопуларните и препознатливи брендови во Германија. Ќерката на Wolfgang Joop, Jette Joop, е исто така парфумер со издадени неколку мириси на пазарот. Joop! брои 42 мириси во своето портфолио. Најстарото издание е од 1987 година, додека најновото од 2017.

На залиха
40ml80ml125ml
Исчисти
- +
SKU: 837 Категории: , ,

Доплонителни информации

Брендови

Joop

За Мажи

Парфеми

милилитражи

40ml, 80ml, 125ml

Рецензии

Сеуште нема коментар за овој производ.

Бидете први кои ќе го прегледате “Joop! Homme Absolute парфем за мажи”

Производи во кошничка

Кошничката е празна

Врати се назад
Search for:
X

Оваа веб страна користи cookies. повеќе информации

Оваа страна е сетирана да дозволува користење на cookies, се со цел да ви овозможи подобар и побрз пристап. Доколку породолжите да ја користите страната без да ги промените сетинзите или кликнете на Прифаќам тоа значи дека се согласувате со условите.

Затвори